Прва лигаФудбал

Новиот прволигаш Арсими на 1 јули ги „пали моторите“, ќе се подготвува во Охрид!

Сподели
ФОТО: ФК Арсими
Сподели

Дебитантот во Првата македонска фудбалска лига, Арсими од Чегране на 1 јули ќе ги започне подготовките за новата сезона, а во која Арсими за првпат во клупската историја ќе настапи во фудбалската елита на Македонија.

Како што дознаваме Арсими има постигнато договор со дел од играчите за следната сезона, а во следниот период ќе биде промовирани и новите засилувања со кои Арсими ќе се засилува за историското учество во Првата лига.

Главната фаза од подготовките екипата на Арсими ќе ја реализира во Охрид, каде има одлични услови за подигање на формата.

Во рамки на подготовките, извршени се и дополнувања и унапредувања и на организациски план, со зајакнување на техничката и административната структура на клубот.

Новата сезона од Првата македонска фудбалска лига ќе започне на 8 август, а како што веќе информиравме ќе се игра во три дена односно петок, сабота и недела.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Величков ќе им суди на Шкендија и Брера, Стојанов оди во Струга, Пилешков главен во Кратово

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на трите воведни натпревари...

КупФудбал

Тиверија Брера со „петарда“ до втората Куп титула, Саса немоќна во финалето во Ѓорче Петров!

Тиверија Брера го освои вториот трофеј во Купот на Македонија, откако во...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со строги казни: суспензии за играчи и функционери, поведени повеќе постапки

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија донесе повеќе казни и покрена...

Младински фудбалФудбал

Познати се финалистите во Купот на Македонија кај младинците и кадетите

Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските категории, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!