ИнтернационалциФудбал

Голманот Марко Алчевски од Израел се сели во Србија – ќе го чува голот на ОФК Белград

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Македонскиот голман Марко Алчевски ќе има нов клуб во неговата кариера, откако реши од Израел да се пресели со Србија, а кариерата ќе ја продолжи во ОФК Белград.

Алчевски го чуваше голот на Хапоел Ерусалим, а во израелскиот тим пристигна од македонскиот прволигаш Брера Струмица, но во немаше многу шанса во Хапоел Ерусалим бидејќи само на два натпревари беше меѓу стативите и помина 180 минути.

23-годишниот битолчанец ќе биде на позајмица во српскиот тим, каде ќе биде прв голман, бидејќи ОФК Белград го продаде својот голман Балша Поповиќ во Олимпијакос, трансфер кој треба да се реализира во следниот период.

Својата кариера ја издигна во Брера Струмица, беше и на позајмица во Борец, а потоа се врати во Брера Струмица и од таму го направи првиот интернационален трансфер селејќи се во Израел.

Алчевски ги има поминато сите младински репрезентации на Македонија.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Женската У19 репрезентација на Македонија го доби вториот дуел со Косово, Галабовска и Грозданова стрелци на головите

Женската репрезентација на Македонија до 19 години забележа победа од 3:1 против соодветната селекција на Косово во вториот контролен натпревар меѓу двете репрезентации....

Ракомет

Алкалоид го започнува европскиот пат: Австриски Келаг Ферлах доаѓа во Автокоманда

Ракометарите на Алкалоид се подготвени за нов европски предизвик, а првата пречка на патот во ЕХФ Европскиот Куп ќе биде австрискиот претставник Келаг...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Вардар е во најдобра форма во Првата лига, Шкендија не блеска во последните пет кола!

Трката за врвот во Првата лига се „разгорува“ иако Шкендија е на...

ФудбалЧетврта лига

Даниел Николов го израдува Лозар, Вардар Бистренци триумфираше над Младост од Корешница

Стартуваше новата сезона во Општинската фудбалска лига во Неготино, со два натпревари,...

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: По 16 години ФК Лозар од Демир Капија повторно на фудбалската карта на Македонија

По цели 16 години фудбалскиот клуб Демир Капија повторно на фудбалската карта...

ФудбалФутсал

ВИДЕО: Железарец со голем пораз се врати во елитата, висок пораз од Бутел

Поранешниот шампион на Македонија, Железарец, со пораз се врати во Првата футсал...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!