Ракомет

Струга и следната сезона ќе игра во Суперлигата, откако во баражот го победи Мулти Есенс

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Екипата на Струга и следнатa сезона ќе биде дел од ракометната Суперлига, откако екипата од градот покрај езерото славеше со 24:19 во баражот против Мулти Есенс, кој заврши на второто место во Првата лига.

Струга плеј-офот го заврши на петтото место, кое значење играње на бараж за опстанок, а во овој меч стружани беа подобри и го сочуваат суперлигашкиот статус за следната сезона.

Тимот од Автокоманда одлично парираше особено во првиот дел кога беше 12:12, а на стартот од вториот дел стружани ја направија потребната разлика која се покажа како клучна за победа на Струга.

Бараж натпреварот се играше во Прилеп, а најдобар во таборот на Струга беше Ненад Костоски со девет гола, а пак Филип Пајкоски имаше пет гола, кај екипата на Мулти Есенс најдобар стрелец беше Христијан Гурмешевиќ со шест гола.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака со огромна победа во Брвеница – ДЕСЕТКА против Партизан Југ

Тимот на Каршиака продолжува со победничката форма на патот кон обезбедување на место во Првата футсал лига за следната сезона, откако на воведниот...

ФудбалФутсал

Михаил Павловски во последната минута го спаси Осогово – реми против Јувентус Серава

Неизвесен меч без победник со четири погодоци вечерва одиграа Јувентус Серава и Осогово од Крива Паланка (2:2) за отварање на 14. коло во...

Поврзани написи
РакометРакометна репрезентација

Кузмановски со пенал во последна секунда донесе реми против Австрија

Со гол од пенал во последната секунда, капитенот- Филип Кузмановски донесе реми...

Ракомет

ВИДЕО: Јовчевски со 15, а Пејковски со 13 „проектили“: Партизан со моќна победа над Шампион

Во меч со 81 гола екипата на Партизан славеше на гостувањето кај...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20...

Ракомет

Картите пуштени во продажба: Охрид ги повика навивачите да бидат „осми играч“ против Олимпијакос

Ракометниот клуб Охрид официјално ги пушти во продажба билетите за реванш натпреварот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!