ФудбалФудбалска репрезентација

ФФМ прославува 10 години постоење од основањето на УЕФА фондацијата за деца!

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Оваа година се одбележува 10-годишнината од основањето на УЕФА Фондацијата за деца – организација која веќе една деценија посветено работи на подобрување на животите на децата кои се соочуваат со различни предизвици.

Фондацијата, во соработка со националните фудбалски асоцијации, докажа дека фудбалот е многу повеќе од спорт. Тој претставува средство за надеж, пријателство, образование, здравје и создавање нови можности за иднината на младите генерации.

Од 2015 година досега, фондацијата постигна значаен напредок: поддржани се 128 активни проекти и финансирани се вкупно 577 иницијативи во 138 земји ширум светот.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), во соработка со УЕФА Фондацијата за деца и фудбалскиот клуб Карпошово, ќе го одбележи овој важен јубилеј преку нов инклузивен проект насловен Фудбал за сите.

Проектот има за цел организирање фудбалски активности за деца и млади со Даунов синдром и лесна попреченост. Преку стручна обука и прилагодени тренинзи, ќе се создаде средина каде што сите деца ќе можат активно да учествуваат, без разлика на нивните способности.

Виолета Јанчева, Спортска Мрежа

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Кавадарци ќе биде домаќин на 26. меморијален турнир „Вуко Каров и тиквешките легенди“ – три екипи во чест на фудбалските великани

Во сабота на Градскиот стадион во Кавадарци ќе се одржи 26. издание на традиционалниот меморијален турнир „Вуко Каров и тиквешките легенди 2026“, во...

Ракомет

Младост утре гостува во „Билјанини Извори“ кај Охрид

Ракометарите на Младост утре гостуваат кај фаворитот Охрид во рамките на 10. коло на Суперлигата, меч кој се игра во салата „Билјанини Извори“...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Две кола до зимската пауза, пет екипи под притисок — кој може да се оддалечи од опасната зона?

Репрезентативната пауза ја затекнува борбата за опстанок во Втората лига со четири...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера преку Истатов во полуфиналето, Ана Димитровска со четири гола го потона Кочани, домашни победи за Пелистер и Љуботен

Без изненадувања во Купот на Македонија во женска конкуренција, фаворитите лесно обезбедија...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!