КупФудбал

Вардар и Струга Трим Лум ќе се борат за трофејот во Купот на Македонија

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Вардар и Струга Трим Лум ќе се соочат во финалето на фудбалскиот Куп на Македонија, откако ги поминаа полуфиналните предизвици и обезбедија место во големото завршно соочување.

Вардар одигра 1:1 против Брера во Струмица, а благодарение на победата од 3:0 на првиот натпревар, со вкупен резултат од 4:1 се пласира во финалето.

Од друга страна, Струга Трим Лум ремизираше дома со Шкендија (1:1), но поради победата од 2:1 на гостински терен во Тетово, обезбеди пласман во своето прво финале.

Финалниот натпревар од Купот на Македонија ќе се одигра на 21 мај, а победникот од оваа пресметка ќе обезбеди место во квалификациите за европските клупски натпреварувања – дополнителен мотив за двете екипи да дадат сѐ од себе.

Минатогодишниот освојувач Тиквеш испиша историја со триумфот против Воска Спорт, но годинава пехарот ќе добие нов сопственик.

Сподели

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Гаштаров: Играме против голема Шкотска, која има квалитетни играчи, но и ние имаме свои имиња кои се во многу добра форма

Фудбалската репрезентација на Македонија утре во Глазгов ја очекува дуелот со Шкотска во рамки на Лигата на нациите. Матеј Гаштаров е еден од...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Седлоски: Сакам да видам верба, тактички добро да стоиме и да одиграме добар натпревар против Шкотска

Македонската репрезентација во Глазгов ја очекува дуелот со Шкотска во рамки на Лигата на нациите. Предводникот на нашиот национален тим, Гоце Седлоски, ја...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!