Останато

Селекторот Јошко Миленковски ги најави подготовките за Златната лига и квалификациите за ЕП

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Селекторот на машката сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија, Јошко Миленкоски, во соработка со Одбојкарската федерација на Македонија, ја утврди програмата на националниот тим за претстојните летни предизвици – Златната Европска лига 2025 и вториот дел од квалификациите за Европското првенство 2026.

Подготовките ќе започнат на 15 мај, кога репрезентативците ќе се соберат во хотелот „Горан Пандев’’ во Струмица. Таму ќе се одработи првата недела од тренажниот процес во пресрет на Златната Европска лига.

Како дел од подготовките, на 24 и 25 мај, Македонија ќе одигра пријателски двомеч со селекцијата на Хрватска во Марибор. Овие натпревари ќе послужат како важна проверка на формата и тимската хемија пред почетокот на официјалните мечеви во Европската лига.

Струмица ќе бида базата на сениорите во месец јуни. Од 6 до 8 јуни Македонија игра на првиот турнир од Златната Европска лига во Братислава, Словачка, каде покрај домаќинот за противник ќе ја има и селекцијата на Финска.

Вториот турнир одбојкарите го играат една недела подоцна од 13 до 15 јуни во Рига против Летонија и Грција. Македонија ќе биде домаќин на еден од трите турнири во третиот викенд од годинешното издание, кога од 20 до 22 јуни во салата „Парк’’ во Струмица, ќе ги пречека репрезентациите на Црна Гора и Израел. Доколку Македонија се најде меѓу првите четири екипи во генералниот пласман по комплетирањето на турнирите ќе се најде на Ф4 турнирот, кој на 5 и 6 јули ќе се одржи во Брно, Чешка.

По завршувањето на настапот во Златната Европска лига, македонската репрезентација ќе добие тринеделен одмор, по што новиот собир е закажан за 20 јули во Маврово. Овој дел од подготовките ќе биде насочен кон темпирање на формата за претстојните квалификациски дуели со Грција и Грузија за пласман на Европското првенство 2026.

По седум дена подготовки во Маврово, нашата селекција ќе замине за Софија, каде на 29 и 30 јули ќе одигра два контролни натпревари со домаќинот Бугарија. По повратокот од Бугарија, репрезентативците ќе се стационираат во Скопје, каде ќе ја одработат завршната фаза од подготовките пред официјалните квалификациски средби.

Како завршна проверка пред стартот на квалификациите за Европското првенство 2026, македонската сениорска репрезентација ќе настапи на 49-то издание на традиционалниот меморијален турнир „Бранко Хаџи Иљоски – Чајка’’. Турнирот ќе се одржи од 5 до 7 август во салата „Борис Трајковскi’’ во Скопје, а покрај Македонија, учество ќе земат и селекциите на Бугарија и Швајцарија.

Квалификацискиот циклус македонската репрезентација ќе го започне на 13 август со гостување кај Грција во Атина. Последниот натпревар, кој воедно ќе биде и завршница на летниот репрезентативен календар, е закажан за 17 август кога Македонија ќе ја пречека селекцијата на Грузија во салата „Борис Трајковски’’во Скопје.

Виолета Јанчева, Спортска Мрежа

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

ФК Скопје се засили со Брадаровски и Гордич

ФК Скопје продолжува со засилувањето на составот, а клубот во своите редови донесе две искусни имиња – Владица Брдаровски и Милош Гордич. Брдаровски...

Прва лигаФудбал

Тодоров: Нема да биде лесно, но посакуваме победа на денешниот натпревар

Двете победи во низа донесоа дополнителен оптимизам во редовите на Шкендија Арачиново, која денеска ќе се обиде да ја продолжи позитивната серија против...

Поврзани написи
Останато

СРЕБРО ЗА ДУШИЦА БРЕСАЛИЕВА НА MULTI EUROPEAN GAMES G1 2026

Македонската таеквондистка Душица Бресалиева освои сребрен медал на Multi European Games G1...

Останато

Алексеј Стојановски триумфираше на турнирот „Тумба“ во Куманово

Изминативе денови на терените на ТК „Тумба“ во Куманово се одржа турнир...

Останато

Калин Митевски двоен победник на МТП Опен 2026

Македонскиот тенисер Калин Митевски е двоен победник на МТП Опен 2026, турнир...

Останато

Дарија Крстевска ќе ја претставува Македонија на Светското првенство во атлетика во Копенхаген

Младата македонска атлетичарка Дарија Крстевска за прв пат ќе ја претставува Македонија...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!