По 15 одиграни кола во Третата македонска фудбалска лига – Исток, најдобар стрелец и натаму е Игор Ѓорѓиев од шампионот Слога Виница, кој има постигнато 16 погодоци.
На второто место, со гол помалку, е Октај Амедов, фудбалер кој исто така го носи дресот на Слога Виница. На третото место се наоѓа искусниот Филип Петковски, исто така член на Слога Виница.
Петковски, кој пристигна во зимскиот преоден рок, досега постигна 13 погодоци и е пред сериозна шанса да стане најдобар стрелец на Истокот.
На четвртото место е Петар Илиев од Дојранско Езеро со девет гола, а на петтото е Дарко Нацев од Овче Поле со осум. Димитар Стојановски, исто така од Овче Поле, има седум погодоци.
До крајот на првенството остануваат уште три кола – три шанси за играчите да се изборaт за врвот на листата. Но едно е сигурно: најдобриот стрелец ќе биде фудбалер на шампионот Слога Виница.