Втора лигаФудбал

(ВИДЕО) Тодорчев: Вардар Неготино одигра одличен натпревар против Брегалница, важна победа за нас!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање!
Сподели

Вардар Неготино одигра одличен натпревар против фаворитот Брегалница, откако со минимални 1:0 го доби тимот од Штип во мечот од 24. коло на Втората лига. Брегалница падна на „Цвај арената“ и сега се уназадува во битката за директен влез во ПМФЛ, а Вардар Неготино направи исчекор за директен и сигурен опсатнок во ВМФЛ.

Горан Тодорчев ја имаше првата изјава за Спортска Мрежа веднаш по натпреварот, каде истакна дека ова победа за нив е важна, во меч кој беше важен и за двете екипи, истакна дека Вардар Неготино го одигра најдобриот меч во пролетната полусезона, а притоа се заблагодари на публиката и на верните „винари“ за поддршката од трибината.

  • ИЗЈАВА НА ГОРАН ТОДОРЧЕВ ЗА СПОРТСКА МРЕЖА:

Во следното коло Вардар Неготино ќе гостува кај Новаци, додека пак Брегалница ќе има ново гостување, овој пат во Велес кај екипата на Борец.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Фатмир Бафто ќе го суди дербито меѓу Влазерими и Караорман, Владимир Ѓорѓиевски главен на средбата меѓу Крошу Спорт и Могила

Викендот се играат мечевите од 9. коло на Трета лига регион 5, а кое коло се отвара утре со мечот меѓу Напредок и...

Кошарка

(ВИДЕО) 30 години од историската победа на МЗТ Скопје над Реал Мадрид – вечерта кога „Лименката“ го сруши шпанскиот гигант!

На денешен ден, 6 ноември, пред точно 30 години, македонската кошарка испиша една од своите најславни страници. МЗТ Скопје Аеродром во незаборавна атмосфера...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!