Втора лигаФудбал

(ВИДЕО) ФК Вардар Неготино: Брегалница не знае да прифати пораз, па ги искршија тушевите!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање!
Сподели

Вардар Неготино ја „тресна“ Брегалница на „Цвај арената“ со минимални 1:0 и со тоа „сините“ од Штип сега ќе имаат тешка мисија за експресно враќање во Прва лига.

Но, по завршувањето на мечот гостите од Штип ги искршиле тушевите во гостинската соблекувална, реагираше ФК Вардар Неготино преку соопштение за што тимот додава дека гостинот не знае да прифати пораз.

„Срамота! Играчите на ФК Брегалница не знаат да прифатат пораз, па ги искршија тушевите во гостинската соблекувалн. Каков вандализам! Како клуб кој играл во Прва лига, бедно е“, се вели во соопштението на ФК Вардар Неготино.

  • ВИДЕО ОД ГОСТИНСКАТА СОБЛЕКУВАЛНА:

Брегалница со овој пораз останува на 4. место на табелата со 48 бодови и сега има сериозна борба за Прва лига, пред се бидејќи Арсими кој е трет има 51 бод, а пак Башкими и Македонија ЃП го делат првото место со по 53 бодови. Вардар Неготино е на 11-тото место со 27 бодови и тимот веќе има речиси сигурен директен опстанок.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата сезона. Штипјани славеа на гостувањето кај поранешниот шампион Струмица со 1:3...

Втора лигаФудбал

Брера оди по победа во Радовиш, Детонит Плачковица брани бодовна предност над Новаци

АП Брера Струмица гостува кај Детонит Плачковица со можност да се израмни по бодови со третопласираниот Работнички. Струмичани се четврти со 18 бода...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Брера оди по победа во Радовиш, Детонит Плачковица брани бодовна предност над Новаци

АП Брера Струмица гостува кај Детонит Плачковица со можност да се израмни...

Прва лигаФудбал

Трите бодови останаа во Кавадарци: Тиквеш со минимален резултат го доби Скопје

Тиквеш го совлада Скопје со 1-0 во првиот натпревар од 13.коло во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!