Ракомет

Колевски и Кркачев ќе го судат дерби во Битола, Митревски и Тодоровски ќе им судат на Вардар и Охрид

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање!
Сподели

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од 3. коло на плеј-офот и плеј-аутот.

Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола ќе им судат на Вардар и Охрид, а пак делегат ќе биде Марјан Начевски од Скопје.

Овој натпревар се игра денес во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје со почеток од 18 часот.

Спаско Ќаев и Глигор Ќаев од Скопје ќе им судат на Тиквеш и Бутел во Скопје, а пак Лери Мически од Скопје ќе биде делегат на мечот.

Овој меч се игра во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци в недела со почеток од 18 часот.

Дербито се игра в недела во салата „Боро Чурлевски“ во Битола, меѓу Еурофарм Пелистер и Алкалоид. Делители на правдата ќе бидат Ѓоко Колевски и Сашо Кркачев од Скопје, а делегати ќе бидат Драган Начевски и Душко Камишевски.


Во плеј-аутот в сабота од 18 часот Радовиш на домашен терен ќе игра со Струга, а судиска двојка ќе биде Александар Вукашиновски и Мирко Трајквоски од Скопје, додека пак Васил Чавдаров од Богданци ќе биде делегат на мечот кој се игра во СРЦ „25 Мај“ во Радовиш.

В сабота со почеток од 18:30 часот во салата „Македонско Сонце“ во Скопје ќе се соочат Пролет и Борец ФЛ, а за правдата ќе бидат задолжени Виктор Начевски од Скопје и Даниело Божиновски од Битола, а пак Илија Цветковски од Прилеп ќе биде делегат.


В недела со почеток од 18 часот во салата „Перо Наков“ екипата на Куманово ќе го пречека Прилеп, каде Виктор Андонов и Стојанче Јовановски од Скопје ќе ја делат правдата, а пак Марјан Огњановски од Скопје ќе биде делегат на мечот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Младост утре гостува во „Билјанини Извори“ кај Охрид

Ракометарите на Младост утре гостуваат кај фаворитот Охрид во рамките на 10. коло на Суперлигата, меч кој се игра во салата „Билјанини Извори“...

Кошарка

Ираклис пресилен за МЗТ Скопје – македонскиот шампион го запиша шестиот пораз во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува без победа во ФИБА Еврокупот, откако на гостувањето во Солун претрпе убедлив пораз од грчки Ираклис...

Поврзани написи
Ракомет

Младост утре гостува во „Билјанини Извори“ кај Охрид

Ракометарите на Младост утре гостуваат кај фаворитот Охрид во рамките на 10....

Ракомет

Дресот на Дибиров доби место во историјата на Скопје – Вардар со посебен подарок за Музејот!

Во пресрет на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер пред европскиот испит на сезоната: Битола се мобилизира за Гумерсбах!

Европската сезона на Еурофарм Пелистер влегува во решавачка фаза, а битолчани на...

Ракомет

Горан Кузманоски ја запиша првата победа на Кипар, Строволу броеше до 43!

Македонскиот стратег Горан Кузманоски стигна до првата победа во кипарскиот шампионат со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!