Останато

Спортската сала „Нико Нестор“ во Струга е затворена!

Сподели
ФОТО: Салата „Нико Нестор“ - полувреме на мечот Струга - Куманово 2. коло плеј-аут
Сподели

Спортската сала „Нико Нестор“ во Струга е затворена и нема да може да се користи, бидејќи истата е во очајна состојба, соблекувалните во самата сала се со ужасни услови, салата прокиснува, рефлекторите не се вклучуваат во такви услови со цел да не дојде до струен удар.

После големата трагедија која се случи во Кочани со запалената дискотека, низ државата се направени големи контроли, меѓу нив и спортската сала „Нико Нестор“ која е изградена пред повеќе од 30 години, но никогаш немало некоја посериозна реконструкција со цел да има подобри услови за спортистите, како за тренирање така и за одигрување на натпревари.

Во самата сала е потребно да се направат сериозни реконструкции како на кровната конструкција, така и на соблекувалните, канализација, електричната инсталација, рефлекторите кои се премногу стари, трибини или едноставно цела објект.

Проблем со салата е и тоа кој стопанисува со истата, со истата стопанисува Сојузот на општински спортови на Струга, но постои на хартија, а тука е хаосот околу целиот овој процес. ​Спортската сала „Нико Нестор“ во Струга неодамна беше затворена од страна на Трудовата инспекција, проблемот е дополнително комплициран од фактот што не е јасно кој е одговорен за управувањето со салата.

Генерално, салата е во очајна состојба, а тоа ја става под клуч, па сега клубови ќе мораат да бараат алтернатива каде ќе тренираа и ќе ги играат натпреварите, а како таква опција е салата „Тими“.

Тука настапуваат РК Струга, ЖРК Стружанка, КК Црн Друм, ЖКК Струга, но тука покрај сениорски категории настапуваат и младински категории и други спортски клубови, како и спортски школи односно академии.

Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид Лихнидос влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен кандидат за првото место пред зимската пауза. Со 28 бода...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој треба да се одиграат на 25 март 2027 година. Ждрепката посака...

Поврзани написи
Останато

Безбедноста пред сè: ФПСМ со едукативни предавања за планинарење во зимски услови низ Македонија

Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ), преку својот Центар за стручно...

Останато

Одржано Националното првенство во крос-кантри 2026 во Скопје

Изминатиот викенд, на кејот на реката Вардар во Скопје, се одржа Националното...

Останато

Македонија домаќин на два квалификациски турнири за ЕП 2027 во одбојка

Одбојкарската федерација на Македонија ќе биде домаќин на два квалификациски турнири за...

Останато

Наковски Волеј со кам-бек го задржа статусот на непоразен тим во Првата лига жени

Екипата на Наковски Волеј останува единствената непоразена по четири кола во новата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!