Трета лигаФудбал

Кој ќе биде најдобар стрелец во Трета лига – Југ – неизвесна трка на Ристовски и Мемедов!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање!
Сподели

Ќе биде неизвесна трката за тоа кој да биде најдобар стрелец во Третата македонска фудбалска лига – Југ, откако по 19 одиграни кола најдобар стрелец е Петар Ристовски, фудбалерот на Венец од Долни Дисан со постигнати 19 гола.

Но, вториот најдобар стрелец има 18 гола, се работи за Армен Мемедов, кој го носи дресот на Дреново.

Овие двајца фудбалери ја продолжуваат борбата за тоа кој на крајот од сезоната да биде најдобар стрелец во Трета лига – Југ.

На третото место на листата на најдобри стрелци е фудбалерот на Големо Коњари, лидер во Трета лига – Југ со 16 погодоци, а по 12 гола имаат Антонио Димоски од Младост од Кривогаштани и Бобан Тошески од Ултрас.

Во Трета лига – Југ постигнати се шест автоголови, од кои два се на Емир Каришиќ од Слога Лажани, а по еден автогол си имаат постигнато Ѓоке Ангелов од Дреново, Флорим Бескими и Аџи Фејзулаи од Влазними Јуниор и Желимир Трикиќ од Росоман.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

ФК Кул со четири генерации доаѓа на Ohrid Winter Cup и носи силна конкуренција

Фудбалскиот клуб Кул од Скопје го потврди учеството на Ohrid Winter Cup, доаѓа со дури четири генерации и носи голема конкуренција. Клубот кој...

Кошарка

Баскет Дино со три од три на врвот во Аматерската лига – следува дерби со непоразената Шар Планина!

Кошаркарите на Баскет Дино од Кочани продолжуваат со одличните настапи во Аматерската лига, откако во третото коло забележаа нова убедлива победа и го...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!