Останато

Велосипедистката Дуња Иванова освои второ место во силна конкуренција на маратонот во Шпанија!

Сподели
Сподели

Македонската велосипедистка Дуња Иванова викендов го освои второто место на престижниот маратонот во шпанското приморското гратче Камбрилс.

Маратонот – Куп во планински велосипедизам беше дел од календарот на Светската велосипедска федерација (УЦИ). На натпреварот, кој го организираше брендот за велосипедски настани, учествуваа над 300 натпреварувачи од различни земји.

Иванова, членка на Велосипедскиот клуб „Енерџи’’ се натпреваруваше во сениорската конкуренција и ја извози патеката од 63 километри со висинска разлика од 1.400 метри.

Натпреварот се одржа во услови на силен ветер, каменести и пустински предели, како и технички спустови, кои се типични за шпанските планински маратони.

Победата ѝ припадна на Пилар Фернандез Хернандез од тимот ИСБ Фактори, додека третото место го освои Торес Хугес Лорелеи од ФАЦ, две велосипедистки од Шпанија.

 

Со овој пласман и освоени 25 поени, Иванова ја подобри својата позиција на Светската МТБ ранг-листа (планински велосипедизам). Следната недела, ја очекува нов предизвик на маратонот Гарда во Италија, како дел од подготовките за главните натпревари на сезоната во Италија и Швајцарија.

Виолета Јанчева, Спортска Мрежа

Сподели

Не пропуштајте

Останато

Македонија ја зајакнува соработката со европските планинарски федерации – експерти од Словенија напролет ќе ги посетат нашите планинарски патеки и домови!

Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ) беше дел од Првата европска конференција за планинарски домови, која од 23 до 25 октомври 2026...

Останати репрезентацииРепрезентација

Македонија ќе биде домаќин на евро-квалификациите за одбојкарки до 20 години – Стојанов повика 19 репрезентативки!

Селекторот на женската репрезентација на Македонија до 20 години, Деан Стојанов го објави поширокиот список на репрезентативки на кои ќе смета за јануарските...

Поврзани написи
Останато

Министерот за спорт Борко Ристовски оддаде почит на ослободителите на Скопје

Министерот за спорт, Борко Ристовски, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!