Прва лигаФудбал

Шкеднија го слави Бесарт Ибраими, Воска Спорт до огромна победа, нема голови во Струга!

Сподели
ФОТО: ФК Струга Трим Лум
Сподели

Шкендија го слави искусниот капитен Бесарт Ибраими кој со два гола обезбеди победа над Брера Струмица за победа од 2:1, во меч од 25. коло на Првата македонска фудбалска лига, со што трите бодови останаа во Тетово.

Ибраими го отвори резултат за водство на Шкендија од 1:0 на полувреме, а во вториот дел интернационалецот од Гамбија, Нзенгуе Мубети погоди за 1:1 во 55. минута. Но само шест минути подоцна Ибраими со втор гол ги постави конечните 2:1.

Реми со по еден гол во Кратово за делба на бодовите меѓу Силекс и Тиквеш. Дваата погодоци беа постигнати во првиот дел. Тиквеш прв дојде до водство со голот на Александар Мишов, но потоа Силекс израмни на 1:1 преку Дарко Додев, а тоа воедно беше и конечниот исход.

Работнички со голот на Анес Рушевиќ дојде до победа од минимални 1:0 над Беса со што „романтичарите“ се доближија до Силекс, кој е втор.

Реми без голови на мечот меѓу Струга Трим Лум и Шкупи за поделба на бодовите, а голема победа слави Воска Спорт во трката за опстанок, откако со 0:2 го доби Гостивар на гостински терен. Охриѓани на полувреме имаа предност од 0:1 со голот на Хрватот Тони Виноградац.

Во второто полувреме Осеи Клинтон ги постави конечните 0:2 за освојување на три огромни бодови за Воска Спорт во трката за опстанок во елитата.

Во саботата Вардар го доби „вечното дерби“ откако во Битола со 1:3 славеше над Пелистер.

Сподели

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Ристиќ ја реши средбата со Сан Марино, Македонија У17 на чекор до елитната фаза за ЕП!

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години забележа нова победа во квалификациите за Европското првенство, откако со минимални 1:0 ја совлада селекцијата...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Со две измени во ростерот, Македонија го очекува дуелот со Естонија во Штип

Селекторот на женската сениорска репрезентација на Македонија, Виктор Петровски, направи две измени во составот пред вечерашниот дуел со Естонија, втор за нашата селекција...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!