Втора женска фудбалска лигаФудбал

Плачковица го пречекува фаворитот Кочани, Билјанини Извори гостува во Велес, Порече со Победа од Валандово!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

В недела ќе се комплетира 10. коло на Втората женска фудбалска лига со трите одложени натпревари, кои се одложија поради големата трагедија во Кочани.

В недела ќе бидат одиграни три натпревари, а претходно на 15. март екипата на Вардар со 0:8 го декласираше дебитантот Слободен.

Плачковица во Радовиш на домашен терен ќе го пречека големиот фаворит, лидерот Кочани, каде гостинот доаѓа како апсолутен фаворит по победа и трите бодови на патот кон враќње во Првата лига. Натпреварот ќе започне во 12 часот.

Екипата на Билјанини Извори од Охрид како апсолутен фаворит ќе гостува во Велес кај Борец, каде разликата во квалитет прави огромна разлика и затоа охриѓанки ќе важат за големи фаворити. Натпреварот ќе започне во 12 часот.

Порече на домашен терен ќе биде фаворит против Победа од Валандово, меч кој ќе се игра во Македонски Брод, а кој ќе започен во 12:30 часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У19 не успеа против Швајцарија, фокусот сега е кон Малта

Во вториот натпревар од квалификацискиот турнир во Б-лигата, репрезентацијата на Македонија загуби од Швајцарија со минимални 1:0. Избраниците на селекторот Димитар Капинковски имаа...

ИнтернационалциФудбал

Поранешниот селектор на Македонија Игор Ангеловски- Мрме го носи Таџикистан во финалето на Кралскиот куп!

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски – Мрме, заедно со своите помошници Милан Илиевски и Иван Јовановски, обезбедија пласман во финалето...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Поранешниот селектор на Македонија Игор Ангеловски- Мрме го носи Таџикистан во финалето на Кралскиот куп!

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски – Мрме, заедно со...

Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!