Ракомет

Митревски и Тодоровски ќе им судат на Радовиш и Куманово, дербито за Николовски и Металари

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од 18. коло, кое е последно од регуларниот дел на ракометната Суперлига, по што ќе започнат натпревари од плеј-офот и плеј-аутот, откако прво викендот ќе се одиграат Куп натпревари.

Колото се отвара во вторник со четири натпревари, а ќе се комплетира в среда со два натпревари.

Мирко Трајковски и Александар Вукашиновски од Скопје, ќе ја делат правдата на натпреварот меѓу Вардар и Струга, кој ќе започне во 17 часот, а пак делегат ќе биде Камер Металари од Скопје.

Во 17 часот, исто така, ќе започне и мечот меѓу Тиквеш и Борец Ф.Л., а судиска двојка ќе бидат Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, од Скопје, а делегат на мечот ќе биде Ацо Николовски од Скопје.

Во 18 часот ќе започне дуелот меѓу Бутел и Прилеп, а судиска двојка ќе бидат битолчаните Методија Илиевски и Михајлов Илиевски, а пак Марјан Начевски од Скопје ќе биде делегат на мечот.

Во 19:30 часот ќе се одигра натпреварот меѓу Прилеп и големиот фаворит шампионот Еурофарм Пелистер. Сашо Кркачев и Ѓоко Колевски од Скопје ќе бидат задолжени да ја делат правдата на мечот, а пак Лери Мирчески од Скопје ќе биде делегат на мечот.

Во среда во 18:00 часот во СРЦ „25 Мај“ ќе играат Радовиш и Куманово, каде за правдата ќе бидат задолжени Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола, а пак Васил Чавдаров од Богданци ќе биде контролор на мечот.

Дербито на колото се игра во Автокоманда меѓу Алкалоид и Охрид, а истото ќе започне во 19:00 часот. Ненад Николоски и Исмаил Металари од Скопје ќе бидат задолжение да ја делат правдата како судиска двојка, а пак делегати на мечот ќе бидат Драган Начевски и Душко Камишевски.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Бразилско засилување за дебитантот Шкендија Арачиново

Новиот прволигаш Шкендија Арачиново продолжува со интензивното засилување на играчкиот кадар во пресрет на историската сезона во Првата македонска фудбалска лига. Најново име...

Втора лигаФудбал

Ќе следуваат нови тренерски промени во Втора лига!?

Пред стартот на летните подготовки неколку второлигаши направија промени на тренерската позиција, остануваат уште неколку клубови кои ќе треба да назначат тренери бидејќи...

Поврзани написи
Ракомет

Вардар ги дозна противниците: Против екипи од Франција, Германија и Полска

Македонскиот ракометен шампион Вардар 1961 ги дозна противниците за новата сезона во...

Ракомет

Кузманоски отвора ново поглавје: Македонскиот стратег заминува на Кипар

По неколку успешни сезони на домашната сцена, Горан Кузманоски е подготвен за...

Ракомет

Чаневски се враќа во Бутел: Искусниот голман повторно ќе брани во Скопје

Ракометниот клуб Бутел Скопје доби големо засилување за новата сезона, откако во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!