Прва лигаФудбал

ГФК Тиквеш го повлекува дресот со број 16 во чест на Андреј Лазаров

Сподели
Сподели

Прволигашот Тиквеш од Кавадарци донесе одлука да го повлече дресот со број 16 во чест на Андреј Лазаров, кој трагично го загуби животот во големата несреќа во Кочани, во која животот го загубија 59 лица.

Лазаров беше познат македонски фудбалер, кој настапуваше за повеќе клубови во домашното првенство, вклучувајќи ги Тиквеш, Работнички и Металург, а во странство ги носеше дресовите на хрватските Горица и Рудеш. Негов последен клуб беше Шкупи, а последниот натпревар го одигра во саботата против Пелистер, во рамки на 24. коло од ПМФЛ.

„Во чест и знак на благодарност за Андреј Лазаров, фудбалер и голем херој кој со своите настапи многу придонесе за успесите на нашиот клуб, дресот со број 16 кој тој го носеше во ГФК Тиквеш, трајно се повлекува од употреба и ќе остане како траен белег да ги краси клубските простории за негов вечен спомен“, се вели во соопштението на клубот од Кавадарци.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Прилеп убедлив, Бутел славеше во последните секунди, Струга до важни бодови!

Десеттото коло во македонската ракометна Супер лига донесе различни сценарија на три терени – убедлива победа на Прилеп, драматичен триумф на Бутел Скопје...

Ракомет

Македонските клубови меѓу регионалната елита – Охрид со најцврста одбрана, Вардар и Пелистер во офанзивниот врв!

Првите два месеци од ракометната сезона 2026/27 донесоа позитивна слика за македонскиот клупски ракомет и во регионални рамки. Според статистичкиот преглед на „Балкан...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Поранешниот селектор на Македонија Игор Ангеловски- Мрме го носи Таџикистан во финалето на Кралскиот куп!

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски – Мрме, заедно со...

Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!