Ракомет

Охрид носи две големи засилувања – Предраг Вејин и Тилен Стрмљан!

Сподели
ФОТО: Сања Секулоска, Спортска Мрежа
Сподели

Ракометниот клуб Охрид носи две големи засилувања за новата сезона во Суперлигата. Целите и плановите на клубот се големи и долгорочни и затоа се гради тим кој ќе биде конкуретен за титула и за Европа, но не само излегување во Европа туку и големи резултати.

Се работи за Предраг Вејин како што објави српскиот медиум „Моцарт Спорт“ и Тилен Стрмљан, за кој објави „Балкан Хендбол“ – искусни ракометари со кои значително се подига квалитетот во тимот на Охрид.

32-годишниот Вејин во минатото беше дел од македонскиот шампионат кога го носеше дресот на Металург во 2017 година, а Србинот има настапувано и за екипите на Адемар Леон, Данкерк, Висла, Нексе, а во Охрид ќе пристигна од редовите на Олимпијакос од Грција.

Словенецот Стрмљан во Охрид ќе пристигна од редовите на бундеслигашот Хановер.

Охрид во новата сезона ќе има и нов тренер се работи за искусниот стратег Борис Ројевиќ, кој веќе го екипита тимот за новата сезона.

29-годишниот Стрмљан е повремен репрезентативец на Словенија, има настапувано за Целје Пивоварна Лашко, Рибница, Херц Шмартно и Рудар Трбовље.

Тимот и натаму ќе го крои Ројевиќ со ангажман на нови квалитетни играчи, а Охрид ќе има големи амбиции, а со тоа Суперлигата ќе добие значително на квалитет и секако уште поголема конкуренција за титулата.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Втора лигаФудбал

Фуркан Идризи ќе го суди дербито меѓу Охрид и Работнички, Јордан Јовановски главен во Струмица, Јован Качевски во Радовиш

В сабота се играат сите натпреварите од 9. коло на Втората македонска фудбалска лига, а сите стартуваат во 14 часот. Познати се и...

Поврзани написи
Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од...

Ракомет

Валах го затвори голот, ЕХФ го прогласи за херој на вечерта по триумфот на Вардар!

Вардар 1961 конечно стигна до посакуваната победа во Лигата на шампионите, откако...

Ракомет

Чупиќ: „Чекавме еден совршен натпревар и два бода на кои ќе можеме да им се израдуваме“

Ракометарите на Вардар 1961 приредија одлично издание на гостувањето кај францускиот Нант...

Ракомет

Бутел брка три гола негатива за европски пресврт пред домашната публика!

Ракометарите на Бутел Скопје ги очекува важен европски предизвик. Македонскиот тим, викендов...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!