Трета лигаФудбал

Фаворитите по планот – три бода за Големо Коњари и Превалец, Стојанов ја „искина“ мрежата на Бучин, Каришиќ со четири гола!

Сподели
Сподели

Фаворитите според планот го отворија пролетниот дел во Трета лига – Југ со денешните натпревари од 14. коло.

Лидерот Големо Коњари на крилата на Беким Алимоски кој беше двоен стрелец со 2:0 славеше над Питу Гули од Крушево и одлично тргна Големо Коњари во пролетниот дел.

Пеце Стојанов ја „искина“ мрежата со четири голема за огромна победа преку пресврт на Превалец од 4:1 на домашен терен против Бучин.

Гостинотпреку Андреј Николовски во 37. минута го отвори резултатот за 0:1 на полувреме, а во вториот дел Пеце Стојанов со четири голови сам го победи гостинот со што трите бодови останаа дома.

ФОТО: Екипата на Превалец

Тимот на Превалец кој има амбиции за првото место и баражот за Втора лига одлично ја отвори пролетната полусезона и најавува силен атак за баражот.

Во Кривогаштани домаќинот Младост забележа „лото“ победа од 7:1 над Ултрас кој немаше капацитет да парира. Антонио Димоски постигна четири гола, Мартин Деркоски беше двоен стрелец, а еден гол постигна Димитар Китаноски, додека пак за гостинот во 90. минута гол постигна Игор Паноски.

Екс второлигаш Росоман на домашен терен преку пресврт со 1:2 загуби од Башкими 2008 во меч каде беа поделени девет жолти картони, а од игра во финишот од мечот беше исклучен Стефан Костовски поради два жолти картони.

Мартин Темелковски во 14. минута погоди за 1:0 и водство на домашниот тим кој имаше минимална предност по првите 45 минути. Во вториот дел Аљбим Јашари постигна гол за 1:1, а во 72. минута Зани Ахмедовски направи комплетен пресврт на конечни 1:2.

Венец во Долни Дисан без проблеми го совлада Влазними Јуниор со високи 4:0. Стефан Димитриевиќ беше стрелецна два гола, а гол постигна и Петар Ристовски, додека пак Аџи Фејзулаи си постигна автогол.

Слога во Лажани преку Емир Каришиќ го декласираше во секој фудбалски сегмент Дреново со 7:0, а каде Емир Каришиќ постигна четири гола.

Виктор Стојаноски беше двоен стрелец во 65. и 82. минута, а конечните 7:0 ги постави Фатон Ибраими во 84. минута.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!