Втора лигаФудбал

Николоски: Атмосферата е на високо ниво, дојдовме до голем триумф против Борец со играч помалку на теренот!

Сподели
Сподели

Прилепска Победа забележа триумф и тоа многу важен против Борец, а на крајот од сезоната може да биде толку важен што ќе значи директен опстанок во Втора лига, а пред Борец е речиси тешка мисија за директен опстанок, па се ќе биде насочено кон баражот за опстанок.

Голманот на Победа, Иван Николоски за Спортска Мрежа вели дека атмосферата во клубот, во градот, кај навивачите се подигра, додава дека ќе го дадат максимумот на секој тренинг и натпревар за Победа.

„Нормално дека на секој натпревар има притисок, некогаш притисок е помал, некогаш притисокот е поголем. Денес имавме среќа што на денешниот натпревар ние бевме порастеретени во однос на екипата на Борец. Но, на психички палн се снајдовме многу подобро заразлика од нив како што го покажа и самиот резултат. Атмосферата во клубот, во градот и кај навивачите сигурно дека се подига од ден на ден макотрпно работиме и даваме максимум и за клубот и како за нас индивидуални играчи. Борбата не е застаната ветуваме дека ќе го дадеме нашиот максимум на секоја тренинг и натпревар“, изјави Николоски за Победа.

Триумфот на Победа добива на тежина бидејќи истиот беше обезбеден со играч помалку на теренот, откако Петар Петроски беше исклучен од игра.

„Овој натпревар го добивме и на психички план бидејќи од околу 70-та минута бевме со играч помалку поради црвен картон и на 20 минути до крајот ние постигнуваме победнички гол и натпреварот го добиваме и носиме три бода во Прилеп“, додава Николоски.

Победа се врати на 12. место на табелата со 18 бодови, а пак Борец е во зоната за дикретно испаѓање со шест бодови како претпоследен.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!