Втора лигаФудбал

Беласица го „потопи“ Вардар Неготино, Башкими до голема победа, Димоски е херојот на Победа!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Во рамки на денешното 17. коло на Втората лига, на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица екипата на Беласица против Вардар Неготино забележа убедлива победа од 4:0. На полувреме струмичани имаа предност од 1:0 преку автоголот на Димитар Јанкулов, а во вториот дел повратникот Алекснадар Коцев, капитенот Александар Милушев и Александар Богданоски ги поставија конечните 4:0.

Арсими на домашен терен се соочи против Охрид каде исходот беше поделба на бодовите (1:1). Бојан Затуроски во финишот на првиот дел погоди за 0:1, а во вториот дел најдобриот стрелец на домашниот тим Аљбин Рамадани ги постави конечните 1:1.

Дербито меѓу лидерот Македонија ЃП и Башкими кој атакува на место за Прва лига заврши со минимална победа за гостите од 0:1 преку голот на искусниот Хусеин Демири.

Поранешните прволигаш Борец и Победа во Велес се соочија во дерби од дното на Втората лига за опстанок, каде прилепчани преку повратникот Филип Димоски се израдуваа на минимална победа од 0:1, но победа вредна злато за директен опстанок.

На Градскиот стадион во Штип фаворитот Брегалница против Новаци забележа победа од 3:1. Димитриј Димитриевски постигна гол за 1:0 на полувреме, а во вториот дел Новаци преку Христијан Торнески дојде до 1:1. Тоа направи притисок врз Брегалница која преку Давид Калпачки, кој е најдобар стрелец на „сините“ дојде до 2:1 во 81. минута, а Благој Хаџи-Кимов во 87. минута ги постави конечните 3:1.

Детонит Плачковица на домашен терен против Каменица Саса доживеа пораз од 1:2. Кристијан Чурлиновски беше двоен стрелец за „рударите“, а пак Димоски си постигна автогол.

Во Гевгелија се играше дербито на Југот меѓу Кожуф и Вардарски, каде искусниот голгетер Сашо Дуков беше стрелец на победничкиот гол за Кожуф за победа од 1:0.

Скопје на „Железарница“ во Автокоманда го пречека тимот на Осогово каде немаше голови и победник за 0:0.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!