Кошарка

Крива Паланка денес против Вардар во полуфиналето во кошаркарски Куп

Сподели
Сподели

Денес на програмата се натпреварите од кошаркарскиот Куп „Благоја Георгиевски – Буштур“ во женска конкуренција.

Екипата на Крива Паланка од позиција на непоразен тим во досегашниот дел од првенството, денес против Вардар ги брани клупските бои на полуфиналната завршница.

Одлична тимска атмосфера и енергија владее во составот од Крива Паланка што атакува на првиот клупски трофеј за клубот што годинава одбележува 18 години постоење.

Тренерот на Крива Паланка, Виктор Петровски, рече дека во Купот нема фаворити, секој може да победи секого.

“Купот е собир на најдобрите и фаворитска улога нема ниту еден тим. Ние сме насочени на денешнито меч, на Вардар и ќе дадеме максимум за добар исход. Екипата е подготвена, тимската хемија е одлична, што е елемент плус и додадена вредност на наттпреварот кој со сигурност ќе понуди одличен натпревар за љубителите н а кошарката”, рече Петровски.

Се очекува натпреварот да донесе одлична игра, особено што овој дуел е финале-пред финалето, а Крива Паланка има засилен тим со Валиција Демерит, репрезентативка на Бахами, повратникот и поранешен капитен на тимот – Тамара Ѓоргиевска и поранешната репрезентативка на Макеоднија, Симона Деловска.

Крива Паланка има високи амбиции од самиот старт на сезоната, со извонредниот двоец од редовите на клубската школа, докажани репрезентативки од младинските и сениорската македонска репрезентација, Михаела Алексовска и Божица Стоевска, кои заедно со американскиот двоец Робинсон и Меклхејни и Александар Петрушевска на центарската позиција, му обезбедија епитет „непоразени“ на овој состав што очигледно ќе запише „златна“ сезона во историјата на клубот.

На прес-конференцијата пред почетокот на Купот, капитенот Алексовска истакна дека Купот носи посебна тежина.

“Знаеме дека Купот носи посебна тежина зашто секој натпревар е финале, но нашата цел е една – обединети, да дадеме се од себе и да не се помириме со ништо, освен успех, порача Алексовска.

Натпреварот КК Крива Паланка – КК Вардар се игра денес со почеток во 13 часот, во Гевгелија, а дуелот ќе се емитува и на МРТ 3.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Фуркан Идризи ќе го суди дербито меѓу Охрид и Работнички, Јордан Јовановски главен во Струмица, Јован Качевски во Радовиш

В сабота се играат сите натпреварите од 9. коло на Втората македонска фудбалска лига, а сите стартуваат во 14 часот. Познати се и...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот Детонит Плачковица, за што Спортска Мрежа прва објави во Радовиш има...

Поврзани написи
Кошарка

Гевгелија – град на кошарката: девет екипи ќе се натпреваруваат во сезоната 2026/2027

Гевгелија продолжува да ја гради својата кошаркарска приказна, а во пресрет на...

Кошарка

Гостивар и Феникс 2010 немилосрдни, Охрид и Вардар со нови победи во Првата кошаркарска лига

Второто коло од Првата македонска лига во кошарка донесе високи резултати, убедливи...

Кошарка

МЗТ Скопје со трет пораз во ФИБА Еврокупот, Вурцбург славеше на домашен терен

Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром го претрпе третиот пораз во групната фаза...

Кошарка

Кошаркарска драма во Суперлигата: Работнички остана максимален, Кожув славеше во Штип, а Куманово со триумф во Кавадарци

Третото коло од МТЕЛ Суперлигата донесе возбудливи натпревари, драматични завршници и важни...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!