Трета лигаФудбал

Третолигашот Росоман се засили со Јовановски, Михов и Димков

Сподели
Сподели

Поранешниот второлигашот Росоман за пролетната полусезона во Третата македонска фудбалска лига – Југ се засили со тројца играчи. Се работи за Борис Михов и Мартин Јовановски кои доаѓаат од Марена, додека пак Кире Димков доаѓа од Возарци.

Од клубот си заминаа неколку играчи односно Роналдо Фазлиов, Ѓунер Усеинов, Елмир Мусов и Давид Накиќ.

Екипата на Росоман се подготвува за вториот дел од сезоната во Трета лига – Југ, презимува на делба на петтото место со Младост од Кривогаштани со по 20 бодови, а пролетниот дел екипата на Росоман го отвара против Башкими 2008 на домашен терен.

Претходно, како што информираше Спортска Мрежа беше направена санација на теренот во Росоман со цел да има подобри услови за игра.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Станковски: Задоволен сум од настапот на Мундијалот, генерација со многу талентирани играчи

Репрезентација на Македонија до 15 години (генерација 2011) во периодот од 22. октомври до 1. ноември беше дел од Светското првенство во натпреварувањето...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Вечерва во Векше, грчките ракометари загубија од Шведска...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!