ФудбалЧетврта лига

Четвртолигашот Лисолај се засили со Бајрами и Симиќ, клубот е во преговори со уште двајца играчи!

Сподели
Сподели

Четвртолигашот Лисолај кој се натпреварува во Општинската фудбалска лига во Битола за пролетната полусезона ги претстави Алмир Бајрами и Кристиан Симиќ.

Бајрами доаѓа од екипата на Кравари каде настапуваше изминатите пет сезони, а потекнува од школата на Пелистер. Симиќ, пак доаѓа од од редовите на Јени Маале и ќе биде големо освежување и засилување за Лисолај. 31-годишникот има настапувано и за Стрела, Црна Река, Бурсник и Поешево, а во Лисолај е повратник.

Како што дознава Спортска Мрежа, клубот води преговори за уште двајца искусни играчи кои би требало да го засилат Лисолај во финишот на преодник рок. Веќе во недела екипата на Лисолај ќе го одигра првиот пријателски меч во рамки на зимските подготовки против екипата на Крошу која е моментално лидер на табелата во Општинската фудбалска лига во Битола.

Лисолај со овие играчи добива на квалитет и ќе се обиде да избори место во Трета лига – Југозапад за следната сезона.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Станковски: Задоволен сум од настапот на Мундијалот, генерација со многу талентирани играчи

Репрезентација на Македонија до 15 години (генерација 2011) во периодот од 22. октомври до 1. ноември беше дел од Светското првенство во натпреварувањето...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Вечерва во Векше, грчките ракометари загубија од Шведска...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!