Прва женска фудбалска лигаФудбал

Прволигашот Атлетико се засили со Сандра Триста од градскиот ривал Топ Гол

Сподели
Сподели

Прволигашот Атлетикот од Битола за пролетната полусезона во Првата женска фудбалска лига се засили со Сандра Триста која доаѓа од редовите на градскиот ривал Топ Гол.

19-годишната битолчанка го засилува нападот на тимот предводен од Никола Гелевски, а ќе биде и големо освежување за пролетниот дел.

„Сандра е доста умна, вредна и поседува голема желба да се докажува и одлично се вклопува со нашите идеали, додавајќи нова димензија и конкуренција во нашиот шампионски состав. Имено, Сандра е десничарка, игра на позиција напаѓач и е силна, снаодлива и многу добра со топката во своите нозе, а овие карактеристики додаваат нови тактички варијации во нашиот напад. Ние ќе се потрудиме да обезбедиме најдобри услови за тренинг и развој, со цел да ја поттикнеме желбата за фудбал кај нашите девојки и да им помогнеме во напредокот на нивните кариери“, вели тренерот Никола Гелевски по промоцијата на Триста во Атлетико.

Атлетико презимува на седмото место на табелата со седум освоени бодови, а пролетниот дел го отвара против Каменица Саса на гостински терен.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија вечерва против Полска, шампионот кој не знае за пораз на ЕП!

Апсолутниот фаворит во групата Б и актуелен бранител на титулата на ЕвроВолеј 2026, Полска, е следниот противник на македонската одбојкарска репрезентација. Дуелот од...

Втора лигаФудбал

Меч под рефлектори во Струмица: Беласица и Тетекс вечерва во битка за три бода

Петтото коло од Втората македонска фудбалска лига носи натпревар под рефлектори. Во Струмица, со почеток од 19:00 часот, ќе се соочат екипите на...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Меч под рефлектори во Струмица: Беласица и Тетекс вечерва во битка за три бода

Петтото коло од Втората македонска фудбалска лига носи натпревар под рефлектори. Во...

Трета лигаФудбал

Кичевски Напредок убедливо ја стартуваше новата сезона – висок триумф над Демир Хисар

Напредок со висока победа од 4:1 преку пресврт над Демир Хисар ја...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Пчиња победнички ја отвори сезоната, Речица и Победа од Тромеѓа ги поделија бодовите

Со два натпревари започна новата сезона во Трета лига Регион 2, сезоната...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!