Втора лигаПрва лигаФудбал

Реми без голови на Воска Спорт и Арсими

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Прволигашот Воска Спорт и второлигашот Арсими одиграа пријателски меч во рамки на зимските подготовки за вториот дел од сезоната. Натпреварот заврши без победник, но и без погодоци, со чисти мрежи (0:0).

Воска Спорт во пролетниот дел ќе води борба за опстанок во Првата лига, додека пак Арсими ќе ги напаѓа местата за влез во Првата лига. Овој меч беше идеална шанса за проверка на формата и на двете екипи.

Охридскиот прволигаш Воска Спорт пролетниот дел го отвара против Беса на домашен терен, а пак Арсими пролетниот дел во Втората лига го отвара против Беласица во Струмица.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Еурофарм Пелистер – Вардар

Следете го во ЖИВО големото ракометно дерби во Битола меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар.

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Топ Гол го „тресна“ Кочани и го „заковаа“ на дното во дербито за опстанок

Трите бодови останаа во Битола – Топ Гол ја доби дерби пресметката за опстанок со Кочани, откако славеше пред својата публика со 2:1...

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбал

Топ Гол го „тресна“ Кочани и го „заковаа“ на дното во дербито за опстанок

Трите бодови останаа во Битола – Топ Гол ја доби дерби пресметката...

Трета лигаФудбал

Реми на Вардар Брвеница, лидерот Камјани и Влазерими со убедливи победи

Лидерот Камјани забележа сигурена и убедлива победа од 0:3 над Доброшти во...

Трета лигаФудбал

Малеш во 92. минута се спаси од пораз во Дојран откако ремизираше со Дојранско Езеро

Со четири погодоци и без победник заврши натпреварот во Дојран меѓу Дојранско...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!