Прва лигаФудбал

Тиквеш и официјално се засили со Александар Мишов и Берат Садик

Сподели
Сподели

Прволигашот Тиквеш од Кавадарци за пролетниот дел од сезоната и официјално се засили со Александар Мишов и Берат Садик.

Трансферот на Мишов, Спортска Мрежа го најавуваше изминатиот период. 26-годишникот се враќа во Тиквеш од редовите на Туран, а има настапувано и за Етар од Бугарија, Самтредија од Грузија, за велешки Борец и Брера Струмица во домашниот шампионат, покрај и за Тиквеш.

38-годишниот Садик во Кавадарци доаѓа од тимот на Докса од Кипар, поранешен репрезентативец на Финска, имаше одличен настап во Докса, а низ својата кариера има настапувано за неколку екипи од Кипар, има настапи во Шпанија и Словенија, Швајцарија, за екипи Белгија, Германија и неколку екипи од Финска.

Пролетниот дел Тиквеш го отвара против Силекс во Кратово.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид Лихнидос влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен кандидат за првото место пред зимската пауза. Со 28 бода...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој треба да се одиграат на 25 март 2027 година. Ждрепката посака...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид Лихнидос влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!