Прва лигаФудбал

Прволигашот Беса се засили со Никола Гавриќ

Сподели
Сподели

Прволигашот Беса од Добри Дол се засили со Хрватот Никола Гавриќ за пролетниот дел од сезоната во Првата лига, кој доаѓа од редовите на романскиот тим Виторул Таргу.

Новото засилување на Беса, Никола Гавриќ, треба да биде големо засилување за пролетниот дел од сезоната, каде Беса сака да го потврди опстанокот во Првата лига како дебитант во фудбалската елита на Македонија.

29-годишниот Гавриќ својата кариера ја има започнато во тимот на Франкавила, а низ својата кариера има настапувано за Новиград, Силема Вондерерс, Слобода Ужице, Борец од Велес, Радник Сесвете, Опатија и Јадран од Пореч. Со настапот за Борец, за Гавриќ е познат македонскиот шампионат.

Целта на Беса ќе биде борба за опстанок во Првата македонска фудбалска лига, а пролетниот дел го отвара против Воска Спорт во Охрид.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во Македонија освои бод откако во првото коло играше без голови во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија до 21 година поразена во Нови Сад од Србија

Младата репрезентација на Македонија до 21 година претрпе пораз од Србија, 2:0 во пријателскиот натпревар одигран во Нови Сад. Избраниците на Александар Таневски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Две кола до зимската пауза, пет екипи под притисок — кој може да се оддалечи од опасната зона?

Репрезентативната пауза ја затекнува борбата за опстанок во Втората лига со четири...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера преку Истатов во полуфиналето, Ана Димитровска со четири гола го потона Кочани, домашни победи за Пелистер и Љуботен

Без изненадувања во Купот на Македонија во женска конкуренција, фаворитите лесно обезбедија...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!