Прва женска фудбалска лигаФудбал

Шампионот Љуботен се засили со репрезентативката на Црна Гора, Тања Малесија

Сподели
Сподели

Актуелниот шампион во Првата женска фудбалска лига, Љуботен, за пролетниот дел каде ќе води борба со лидерот Тиверија Брера од Струмица и Каменица Саса за одбрана на титулата се засили со репрезентативката на Црна Гора, Тања Малесија.

Новото засилување на Љуботен доаѓа од редовите на рускиот тим Динамо Москва, а 19-годишната фудбалерка треба да претставува големо засилување во одбраната на Љуботен.

„Се работи за добар и суперквалитетен играч, можеби една од најдобрите на балканот на нејзината позиција, долго време ги следев нејзините настапи, посебно последните натпревари за репрезентацијата на Црна Гора на пријателските натпревари со Македонија, каде прикажа стабилност каква што ни е потребна во одбраната. Се надевам ќе ја направи разликата на теренот и ќе биде еден од главните играчи во одбрана на титулата. Многу сум среќен што управата на клубот успеа да ја донесе во нашите редови, ќе биде вистински хит оваа пролет“, вели тренерот на ЖФК Љуботен, Бојан Стаменковиќ.

Малесија ја имаше и првата изјава за клупската страница.

„Драго ми е што својата кариера ќе ја продолжам во Љуботен. Луѓето во клубот на чело со претседателот и тренерот Стаменковиќ се покажаа како вистински професионалци, што ме уверува дека ќе имаме прав тим кој добро ќе се припреми и ги исполни сите зададени цели оваа сезона. Нестрпливо го чекам доаѓањето во Македонија и почеток на работата во новиот клуб“ изјави црногорската репрезентативка.

Во пролетниот дел целта на Љуботен ќе биде одбрана на титулата, а со тоа и излез во Европа.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Ираклис пресилен за МЗТ Скопје – македонскиот шампион го запиша шестиот пораз во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува без победа во ФИБА Еврокупот, откако на гостувањето во Солун претрпе убедлив пораз од грчки Ираклис...

Кошарка

ТФТ го затвори шестото коло со драма, четири екипи се израмнија зад МЗТ

ТФТ го совлада МКК Куманово со 89:87 во Скопје и го комплетираше шестото коло во МТЕЛ Суперлигата. Сила ги погоди двете решавачки слободни...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Две кола до зимската пауза, пет екипи под притисок — кој може да се оддалечи од опасната зона?

Репрезентативната пауза ја затекнува борбата за опстанок во Втората лига со четири...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера преку Истатов во полуфиналето, Ана Димитровска со четири гола го потона Кочани, домашни победи за Пелистер и Љуботен

Без изненадувања во Купот на Македонија во женска конкуренција, фаворитите лесно обезбедија...

РакометФудбал

(ФОТО) Ајдуци реагираат: Вчера Астраион, денес Тиверија, струмичка спортска мизерија

Навивачката група „Ајдуци“ од Струмица, на натпреварот од 6. коло на кошаркарската...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!