Втора лигаФудбал

Големо засилување за Детонит Плачковица: Нов играч Давид Велковски од Вардар!

Сподели
ФОТО: ФК Вардар
Сподели

Екипата на Детонит Плачковица од Радовиш за пролетната полусезона од Втората македонска фудбалска лига се засили со Давид Велковски, големо засилување за радовишани, 24-годишникот доаѓа од редовите на најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар тој ги покрива позициите по десната страна, десен бек и десно крило.

Велковски скоро седум години го носеше дресот на Вардар, беше еден од најзаслужните за враќањето на Вардар од Втора во Прва лига и беше еден од фудбалерките кои остана во Вардар и во најлошите денови.

Велковски кој е од Свети Николе кариерата ја започна во родниот град, а потоа заминува во Брегалница од Штип, од каде направи трансфер во Вардар во февруари 2018 години и дресот на Вардар го носеше до крајот на есенската полусезона од актуелната сезона.

За радовишани Велковски ќе биде огромно засилувања со што тимот предводен од стратегот Горан Здравков изгради односно квалитетен тим со кој ќе конкурира за висок пласман на табелата, а повеќе од јасно е дека управата на клубот размислува и за следната сезона и уште од сега го гради тимот со кој ќе атакува на местата за Прва лига.

Претходно, Детонит Плачковица се засили со повратниците Филип Димоски, Јовица Радевски и Александар Смилков, а нови играчи се и Давид Јошески, Дамјан Масевски, Филип Манасиевски, Давид Дебрешлиоски и Фили Манасиевски.

Радовишани пролетниот дел од сезоната го отвараат со гостување кај Новаци.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Гаје: Мора да ги искористиме шансите и да ја сочуваме мрежата

Шкендија на домашен терен го пречекува големиот ривал Вардар во дерби-пресметка во која тетовци ќе атакуваат на нови три бода. Шкендија посакува да...

Прва лигаФудбал

Шкендија – Вардар: големо дерби во Гостивар, битка за бодови и престиж

Македонскиот фудбал денеска носи едно од најинтересните соочувања во домашното првенство. Шкендија и Вардар ќе ги одмерат силите во дербито од Првата македонска...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Гаје: Мора да ги искористиме шансите и да ја сочуваме мрежата

Шкендија на домашен терен го пречекува големиот ривал Вардар во дерби-пресметка во...

Прва лигаФудбал

Шкендија – Вардар: големо дерби во Гостивар, битка за бодови и престиж

Македонскиот фудбал денеска носи едно од најинтересните соочувања во домашното првенство. Шкендија...

Прва лигаФудбал

Шабани: Го респектираме противникот, но нашата цел се нови три бода

Струга Трим Лум им се врати на победите во минатото коло, а...

Прва лигаФудбал

Ангелов: Време е да ставиме крај на негативната серија, време е за победи

Фудбалерите на ФК Скопје се во лоша резултатска низа, но не потклекнуваат...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!