Втора лигаФудбал

Второлигашот Осогово се засили со пет играчи – „жетварите“ ќе ги спасува и Владимир Жоглев!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Второлигашот Осогово од Кочани за пролетниот дел се засили со пет играчи, станува збор за Владимир Жоглев, Давид Ристовски, Кристијан Ристовски, Грегори Давков и Дамјан Стојковски.

26-годишниот Жоглев е доста искусен фудбалер кој има настапувано и во Првата лига, тој е повратник во Осогово, а доаѓа од второлигашот Скопје, претходно беше дел од екипата на Вардар, Тетекс, Беса, Скопје, Борец, Победа од Прилеп, Победа од Валандово и Маџари Солидарност.

20-годишниот Стојковски во Осогово доаѓа од второлигашот Вардар Неготино, претходно беше дел од Куманово, Новаци и Пелистер.

Давков во Осогово пристигна од Брегалница, а 21-годишниот фудбалер претходно беше дел од Кожуф, Каменица Саса, Беласица, Скопје, а настапуваше и за младинските категории на Вардар.

Во пакет од Слога Виница доаѓаат Давид Ристовски и Кристијан Ристовски.

Давид има 23 години, претходно беше дел од Кожуф, Кадино, Македонија ЃП и Вардар од каде и потекнува, додека пак Кристијан кој има 28 години е повратник во Осогово, беше дел од Скопје, БВК Коњаре, Кадино, Тетекс, Гостивар и Металург од каде и потекнува.

Пред Осогово е навистина еден тежок предизвик да се избори за опстанок, а шефот на стручниот штаб Крсте Крстев го очекува навистина тежок предизвик. Пролетниот дел Осогово го отвара против Вардар Неготино во гости.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Четири бода предност или израмнување: Вардар и Алкалоид пред дерби што го менува врвот

Вардар влегува во десеттото коло од ракометната Суперлига со девет победи од девет натпревари, но саботното дерби со Алкалоид може значително да ја...

Останато

Министерот за спорт Борко Ристовски оддаде почит на ослободителите на Скопје

Министерот за спорт, Борко Ристовски, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и претставници на институциите, денеска беше дел од делегацијата која...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!