Трета лигаФудбал

Шкендија Арачиново ги започна подготовките, целта е јасна – влез во Втора лига!

Сподели
ФОТО: KF Shkëndija Haraçinë 77
Сподели

Третолигашот Шкендија Арачиново денес ги започна зимските подготовки со една цел – влез во Втората фудбалска лига. Шефот на стручниот штаб Еркан Мурсели го имаше првиот собир со фудбалерите во новата година и со првиот тренинг беше означен стартот на подготовките.

Тимот ќе одигра неколку пријателски натпревари преку кои ќе се темпира формата со цел најпрво во пролетниот дел да се потврди првото место, а со тоа да се обезбеди баражот за влез во второлигашкото друштво.

Шкендија Арачиново во есенскиот дел нема пораз и има осум бодови повеќе од второпласираниот тим на Фортуна во Трета лига – Север, па повеќе од јасно е дека со ваков тим Шкеднија Арачиново ќе се прошета во Трета лига – Север, па затоа фокусот веќе е ставен на баражот.

Тимот минатата сезона заврши на второто место зад шампионот Куманово, кој не го помина баражот откако загуби од Победа во Ѓорче, со што прилепчани се спасија од испаѓање од Втората лига.

Како што веќе информираше Спортска Мрежа екипата на Шкендија Арачиново досега се засили со Иса Абдулахи, Ертан Демири, Мргин Дани, Бесир Бафтијар и Фиктер Љиварека, а струшниот штаб беше засилен со Шабан Сулимани, кој носи искуство од прволигашот Гостивар.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Мега засилување на голот на шампионот: Проект се засили со Иван Стојановски – Шваба

Македонскиот футсал шампион Проект за новата сезона се засили со голманот на македонската репрезентација, искусниот Иван Стојановски – Шваба. 35-годишниот Стојановски во тимот...

Останато

ВИДЕО: Team Carvalho Macedonia организираше стручен семинар во Радовиш со Наде Ристов: Ново знаење и искуство за младите спортисти

Во спортската сала на клубот за бразилско џиу-џицу Team Carvalho Macedonia од Радовиш под водство на Методија Зајков денес се одржа стручен семинар,...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Мега засилување на голот на шампионот: Проект се засили со Иван Стојановски – Шваба

Македонскиот футсал шампион Проект за новата сезона се засили со голманот на...

ФудбалФутсал

ФОТО: Шампионот Проект ја започна втората фаза од подготовките

Македонскиот футсал шампион Проект ја започна втората фаза од подготовките, која се...

Втора лигаФудбал

Спиркоски се врати во Битола – Пелистер доби големо засилување пред стартот на сезоната

Второлигашот Пелистер продолжува интензивно да го комплетира играчкиот кадар за новата сезона,...

Втора лигаФудбал

Беласица подобра од Кожуф на пријателски натпревар

Второлигашите Кожуф и Беласица одиграа пријателски натпревар каде струмичани беа подобри со...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!