Прва лигаФудбал

Муарем Муарем ќе му помага на Алпарслан Ердем во стручниот штаб на Шкупи

Сподели
Сподели

Муарем Муарем, поранешен фудбалер и доскорашен тренер на Гостивар, се приклучи на стручниот штаб на Шкупи, каде ќе ја извршува функцијата помошник тренер на актуелниот шеф на стручниот штаб, Ердем Алпарслан.

Муарем, кој настапуваше за Шкупи како фудбалер во 2018 година, го имаше последниот ангажман во Гостивар, каде како главен тренер оствари импресивен резултат, без пораз во девет одиграни натпревари. Сепак, по ремито со Беса во ПМФЛ, тој беше сменет од позицијата прв тренер.

Покрај Муарем, дел од стручниот штаб на Шкупи се и Минас Османи, Ферид Весели и Емре Инан.

Шкупи, есенскиот дел во Првата лига го заврши на 6. место со 22 бодови, а пролетниот дел го отвара против Работнички на домашен терен.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!