Ракомет

Радовишани вечерва по една година пауза одново ќе следат суперлигашки ракомет!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Денес започнува новата сезона во ракометната Суперлига, а радовишани вечерва по една година пауза одново ќе следат суперлигашки ракомет.

Радовиш по една година во Првата ракометна лига успеа експресно да се врати во друштвото на најдобрите во Македонија, откако минатата сезона заврши на второто место, а во баражот го совлада Еурофарм Пелистер 2 и со тоа се врати во ракометната елита на Македонија.

Радовишани вечерва од 19 часот во СРЦ „25-мај“ ќе се соочат со екипата на Охрид во рамки на 1. коло во меч каде охридските „гладијатори“ ќе бидат апсолутни фаворити за освојување на трите бодови. Радовишани растеретени од било какви притисоци одат да се надигруваат со противникот.

Радовишани вечерва ќе го проследат првиот меч на нивниот миленик во Суперлигата, а поддршка ќе има и од верната навивачка група „Лебари Исток“.

Александар Ванев, Спортска Мрежа

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен кандидат за првото место пред зимската пауза. Со 28 бода има...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој треба да се одиграат на 25 март 2027 година. Ждрепката посака...

Поврзани написи
Ракомет

Младост утре гостува во „Билјанини Извори“ кај Охрид

Ракометарите на Младост утре гостуваат кај фаворитот Охрид во рамките на 10....

Ракомет

Дресот на Дибиров доби место во историјата на Скопје – Вардар со посебен подарок за Музејот!

Во пресрет на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер пред европскиот испит на сезоната: Битола се мобилизира за Гумерсбах!

Европската сезона на Еурофарм Пелистер влегува во решавачка фаза, а битолчани на...

Ракомет

Горан Кузманоски ја запиша првата победа на Кипар, Строволу броеше до 43!

Македонскиот стратег Горан Кузманоски стигна до првата победа во кипарскиот шампионат со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!