ФудбалФудбалска репрезентација

Горан Станиќ: Верувам во себе и потенцијалот на Македонија до 21 година

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Горан Станиќ официјално беше претставен во селектор на репрезентацијата на Македонија до 21 година како замена за Драги Канатларовски кој беше разрешен од функцијата поради лоши резултати. Горан Станиќ се враќа во Фудбалската федерација на Македонија како актуелен тренер на Работнички, а претходно имаше успеси со младинските селекции до 17 и 19 години.

„Пред се сакам да се заблагодарам на претседателот и неговиот тим во федерацијата за укажаната доверба. Да се биде предводник на репрезентативен состав само по себе претставува голема чест и привилегија, но оваа функција носи и голема одговорност. Многу добро знам што ме очекува и максимално подготвено влегувам во предизвикот. Се надевам дека ќе ги исполнам очекувањата и довербата што ја добив. Секој предизвик носи своја тежина. Во мојата кариера секогаш сум бил сериозен, професионален и посветен кон работата, така ќе биде и овој пат“, вели Станиќ.

Актуелниот тренер на Работнички се враќа во Фудбалската федерација на Македонија, овој пат во улога на селектор на нашите надежи до 21 година. Со голем успех во минатото ги предводеше и младите репрезентации на Македонија до 17 и до 19 години. На Европското првенство 2020 година беше дел и од стручниот тим на тогашниот селектор на А репрезентацијата на Македонија.

„Имав единствена можност да бидам селектор на сите млади генерации од 16 до 19 години. Доживеав прекрасни моменти и имав незаборавно искуство во тој период во кој остваривме два успешни квалификациски циклуси и ја исполнивме поставената цел, пласман во елитната фаза на квалификации, првиот пат со селекцијата до 17 години, вториот со репрезентацијата до 19 години, што секако само по себе претставуваше голем успех и сатисфакција.“

Под негова палка, екипата на Работнички во актуелната сезона од Првата МФЛ бележи извонредни резултати и се наоѓа на делба на првата позиција заедно со тимовите на Силекс и Шкендија. Новиот селектор на Македонија до 21 верува дека младата генерација на Македонија до 21 (генерација 2004 и 2005) има голем потенцијал.

„Новата генерација Македонија до 21 несомнено е дека располага со голем квалитет и потенцијал. Голем дел од фудбалерите веќе се стандардни во своите екипи и имаат стекнато прволигашко искуство. Повеќето од играчите добро ги познавам. Располагаме со квалитет што ни дава за право да се надеваме на добри резултати. Очекувањата од претходниот квалификациски циклус за пласман на ЕП беа големи, особено по одличниот старт и победата над Шведска во првото коло на гостински терен. Мислам дека имавме потенцијал да оствариме подобар пласман, но не оди секогаш според планираното.“

Горан Станиќ кој е познат како врвен стратег и тактичар подготвен е да воведе и имплементира свои методи и принципи на работа.

„Планирам да имплементирам мои методи и принципи на работа во кои цврсто верувам и мислам дека ќе ни дадат резултат. Битно е фудбалерите да разберат што е тоа што ќе се бара од нив, а моја ќе биде одговорноста како и на кој начит ќе им го презентирам тоа, а се со цел да имаме подобра комуникација и разбирање на теренот. Промени ќе има, со оглед на тоа што ова е нова генерација. Фудбалерите што беа дел од претхоните квалификации немаат право за настап во следните квалификации, така што е природно да има промени. Во следниот квалификациски циклус право на настап ќе имаат фудбалерите родени во 2004 и 2005 година, но секако дека ќе добијат можност и некои фудбалери кои се родени 2006 година.“

Сподели

Не пропуштајте

Турнири

Европски гиганти пристигнуваат во Македонија: Познати и стадионите за Интернационал Мастерс Куп 2026

Југот на Македонија од 22 до 24 мај ќе биде центар на младинскиот фудбал, откако во Валандово, Дојран и Гевгелија ќе се одржи...

Младински фудбалФудбал

Аулон Куртиши со Шкендија шампион во Суперлигата до 16 години: Голем талент од Тетово сонува европска кариера

Младиот фудбалски талент на Шкендија од Тетово, Аулон Куртиши, денес доживеа еден од најзначајните моменти во својата досегашна кариера, откако со тимот на...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Аулон Куртиши со Шкендија шампион во Суперлигата до 16 години: Голем талент од Тетово сонува европска кариера

Младиот фудбалски талент на Шкендија од Тетово, Аулон Куртиши, денес доживеа еден...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Тиверија Брера го доби дербито со Истатов, Скопје со минималец, реми на Вардар и Саса

Тиверија Брера го доби дербито на 25. коло на Првата женска фудбалска...

Трета лигаФудбал

Победнички финиш за Беса Сарај, Фортуна и Куманово убедливи, реми на Кадино и Аеродром

Последното коло во Трета лига – Север донесе многу погодоци – Фортуна...

Трета лигаФудбал

Бучин го совлада шампионот Борец, реми во Крушево, шест гола во Росоман

Заврши сезоната во Трета лига – Југ, екипата на Росоман е шампион,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!