Ракомет

Текстилец максимален по три кола, Радовиш до бод против Пролет, Вардар Неготино го „тресна“ Сокол Саса со 50 гола

Сподели
Сподели



Текстилец од Штип продолжува со максимален ефект во новата сезона во Првата ракометна лига. Штипјани на домашен терен убедливо го совладаа Партизан од Гевгелија со 43:31 и по три одиграни натпревари имаат три победи.

Кирил Миленков со осум погодоци беше најефикасен кај победничкиот состав, додека кај Партизан ист број голови постигна Димитар Атанасов.

Преспа ја забележа првата победа сезонава, откако на домашен терен славеше против Шампион со 30:17. Томче Трајчевски постигна шест гола за Преспа, додека Филип Спирковски беше најпрецизен кај гостите со пет.

Без победник заврши дуелот на ланските суперлигаши Пролет и Радовиш. Натпреварот донесе голема драма и резултат 29:29. Радовиш беше близу до освојување на двата бода, но на крајот мораше да се задоволи со реми. Јован Соколовски постигна седум гола за Пролет, а Васе Петров беше прв стрелец кај гостите со 10 погодоци.

Драчево Јуниор славеше со 33:25 против Овче Поле – Стефан Крстевски имаше пет гола за домаќинот, а за гостинот Филип Петровски се истакна со шест гола. Македонија Ѓорче Петров беше убедлива на гостувањето кај Јехона со 23:35. Јовица Костоски имаше шест гола за поразениот тим, а за победничкиот се истакна Мартун Бучуковски со 11 гола. Аеродром со 40:31 го совлада Илинден. Бојан Божиновски постигна дури 13 гола за домаќинот, а девет имаше Михаил Митановски, а пак за гостинот Антонио Наковски имаше осум гола.



Најубедлив пораз забележа составот на Сокол Саса. Дебитантот од Македонска Каменица пред домашната публика загуби со 29:50 од поранешниот суперлигаш Вардар Неготино. Мирче Ѓеоргиев постигна дури 18 гола за поразениот тим, кај победникот Костадин Петров се истакна со 14 погодоци.

По три кола, Текстилец е лидер со максимални шест бода, пред Пролет со пет. Македонија Ѓорче Петров, Аеродром, Драчево Јуниор и Партизан имаат по четири бода.

  • ТАБЕЛА ПРВА РАКОМЕТНА ЛИГА:

Вардар Неготино е седми со три бода, додека Илинден, Јехона, Радовиш, Овче Поле и Шампион имаат по два. На последното, 14. место, без бодови е Сокол Саса.



Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го доби дербито со ТФТ: „Металците“ до трет триумф, гостите за малку до пресврт!

МЗТ Скопје Аеродром продолжува со максимален учинок во новата сезона на МТЕЛ Суперлигата. Актуелниот шампион го совлада ТФТ со 70:66 во дербито од...

ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се засили на голманската позиција со Филип Гигов, кој доаѓа од КМФ...

Поврзани написи
Ракомет

Ѓуриќ: Сите сме максимално фокусирани, ќе дадеме сè од себе да ги освоиме бодовите против Куманово

Атмосферата во соблекувалната на Младост е одлична, потврди Ѓорѓе Ѓуриќ пред денешниот...

Ракомет

Македонски судии со европска задача во Полска: браќата Илиевски делегирани за меч од ЕХФ Купот

Македонските ракометни судии продолжуваат со ангажманите на меѓународната сцена. Методија и Михајло...

Ракомет

Костов е сè уште прв стрелец во Супер лигата, а Матео Фадхуиле и Даниел Андоновски веднаш зад него!

Наум Костов од МРК Куманово е водечкиот стрелец во македонската ракометна Супер...

Ракомет

Ловро Јотиќ се враќа на терените и потпиша за Стеауа Букурешт!

Хрватскиот среден бек Ловро Јотиќ има нова станица во кариерата. Искусниот 31-годишен...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!