Втора женска фудбалска лигаФудбал

ФОТО: Билјанини Извори со убедлив триумф ја отвори сезоната, Менада го доби дебитантското соочување со Башкими

Сподели
Сподели



Ефикасно стартуваше новата сезона во Втората женска фудбалска лига, со два натпревари од првото коло, на кои беа постигнати десет погодоци.

Билјанини Извори со триумф од 0:6 славеше над Плачковица во Радовиш, со што охридскиот тим лесно ја оправда фаворитската улога.

Голеадата ја започна капитенката Александра Алексиеска во 11. минута, а девет минути подоцна Стефанија Божинова погоди за двојна предност. Јоана Никова во 25. минута беше прецизна за предност од 0:3 на полувреме.

На стартот од вториот дел Ивана Шикалоска имаше два брзи гола со кои погодоци Билјанини Извори стигна до предност од 0:5.

Плачковица створи една посериозна шанса, но не успеа да ја совлада домашната голманка, по што гостинот од Охрид преку Стефанија Ристова во 55. минута ги постави конечни 0:6.

Во Слупчане се одигра дебитантски меч на Башкими и Менада, каде гостинот од Тетово беше подобар со 0:4.

По два гола предност на полувреме, во вториот дел Менада со уште два гола ги постави конечни 0:4.

Двојни стрелци беа Елена Петровска и Софија Стефановска.

Колото се затвара утре со две средби. Ржаничино ќе игра против Победа Валандово, а пак Топ Грлс против Топ Гол во Охрид.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во Македонија освои бод откако во првото коло играше без голови во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија до 21 година поразена во Нови Сад од Србија

Младата репрезентација на Македонија до 21 година претрпе пораз од Србија, 2:0 во пријателскиот натпревар одигран во Нови Сад. Избраниците на Александар Таневски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Две кола до зимската пауза, пет екипи под притисок — кој може да се оддалечи од опасната зона?

Репрезентативната пауза ја затекнува борбата за опстанок во Втората лига со четири...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера преку Истатов во полуфиналето, Ана Димитровска со четири гола го потона Кочани, домашни победи за Пелистер и Љуботен

Без изненадувања во Купот на Македонија во женска конкуренција, фаворитите лесно обезбедија...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!