ИнтернационалциФудбал

Брера Струмица со убедливи 3:0 против Санта Колома во Андора – речиси заверен пласман во следната рунда

Сподели
Сподели

Брера Струмица оствари одличен резултат на првиот натпревар во младинската Лигата на шампионите, откако на гостувањето во Андора убедливо со 0:3 ја совлада Санта Колома.

По првите 45 минути мрежите мируваа, но во второто полувреме струмичани целосно го презедоа натпреварот и со далеку подобра игра го скршија отпорот на домаќинот. Екипата предводена од искусниот стратег Ѓорѓе Стојчев го покажа квалитетот и во европски рамки.

Главниот јунак на Брера беше Глигор Бучков, кој постигна два гола и ѝ донесе комотна предност од 0:2 на својата екипа. Резултатот го отвори во 57. минута, во 80. минута ја дуплираше предност. Во самиот финиш следуваше и третиот погодок, кога Филип Кулески ја затресе мрежата за конечни 0:3 во 87. минута и започна големото славје на струмичани.

Статистиката дополнително ја потврдува доминацијата на Брера, која контролираше во повеќе сегменти од играта. Санта Колома немаше решение за македонскиот шампион, кој до титулата во домашното првенство стигна без ниту еден пораз.

Брера така продолжува да ја пренесува доминацијата од домашната сцена и на европските натпревари. Со предност од три гола, струмичани ќе го пречекаат тимот од Андора на 14 октомври, во реваншот во Струмица.

Пласманот во следната рунда е на дофат, а Брера Струмица има огромна залиха пред домашниот реванш во борбата за продолжување на европската авантура во Младинската Лига на шампиони.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го доби дербито со ТФТ: „Металците“ до трет триумф, гостите за малку до пресврт!

МЗТ Скопје Аеродром продолжува со максимален учинок во новата сезона на МТЕЛ Суперлигата. Актуелниот шампион го совлада ТФТ со 70:66 во дербито од...

ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се засили на голманската позиција со Филип Гигов, кој доаѓа од КМФ...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се...

ФудбалФутсал

Проект покажа шампионски карактер преку пресврт славеше над СЕЕ Университи, два гола за Трајче Димитриев

Нов триумф за шампионот Проект кој преку пресврт славеше над повратникот во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!