РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Втор пораз за младите фудбалерки на Македонија до 15години

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

На вториот ден од развојниот турнир за девојчиња до 15 години во Струмица, македонската репрезентација претрпе пораз од Црна Гора со 3:1.

Македонија го отвори резултатот во 16. минута преку Јонида Лика, која донесе предност за нашата селекција. Црна Гора израмни во 65. минута со голот на Јелена Сариќ.

Црногорките направија целосен пресврт во 81. минута, кога Летиција Хабибовиќ погоди за 2:1, а конечните 3:1 ги постави Сариќ со својот втор гол во самиот финиш на натпреварот.

На вториот натпревар од денот, Турција убедливо ја совлада Молдавија со 6:0, при што сите шест гола беа постигнати во првото полувреме.

Хет-трик постигна Мари Нила Суливан, додека по еден погодок запишаа Мејра Ферик, Су Белинај Тунчел и Лина Бухан.

По две одиграни кола, Турција е на врвот на табелата со максимални шест бода. Црна Гора и Молдавија имаат по три бода, додека Македонија е на последното место без освоен бод.

Последното коло е закажано за в среда од 11:00 часот. Македонија ќе се сретне со Турција на стадионот „Кукуш“ во Турново, додека Црна Гора и Молдавија ќе ги одмерат силите на стадионот „Пандев“ во Струмица.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го доби дербито со ТФТ: „Металците“ до трет триумф, гостите за малку до пресврт!

МЗТ Скопје Аеродром продолжува со максимален учинок во новата сезона на МТЕЛ Суперлигата. Актуелниот шампион го совлада ТФТ со 70:66 во дербито од...

ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се засили на голманската позиција со Филип Гигов, кој доаѓа од КМФ...

Поврзани написи
Останати репрезентацииРепрезентација

Марко Џорлев ќе се бори за светско злато! Македонскиот каратист со четири победи до финалето во Полска

Македонскиот карате репрезентативец Марко Џорлев обезбеди пласман во финалето на Светското првенство...

Останати репрезентацииРепрезентација

Изабела Зајков со освоениот бронзен медал на прием кај министерот за спорт Борко Ристовски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска ги пречека младите македонски репрезентативци Омер...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Дмитро Хориха од денес е дел од македонската ракометна репрезентација!

Денес, во просториите на Ракометната федерација на Македонија, се одржа прес-конференција на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!