Ракомет

Дежиќ блесна со 17 гола – Македонија ЃП убедлива, Металург Автокоманда убедлив против Астибо, реми на Вардар и Куманово

Сподели
Сподели

Убедлива победа за ракометарките на Метарлуг Автокоманда откако вечерва во Штип со 21:42 беа пресилни за Астибо, во рамки на првото коло од плеј-офот на женската Суперлига.

Тимот на Јулијана Дамчевска одигра одличен натпревар и од самиот старт отвори одлично и натпреварот го реши уште во првиот дел кога имаше висока предност од 9:22, а во вториот дел беше рутина.

Марија Јанкуловска со девет гола беше најдобар стрелец кај Металург Автокоманда, додека пак Ѓошевска имаше осум, кај тимот на Астибо стандардно најдобра беше Марија Анчева со десет гола.

Шампионот Ѓорче Петров со 40:27 славеше голема победа над Чаир, во дербито каде „лавиците“ беа пресилни на теренот. Тимотна Симе Симовски одлично ја започна мисијата за одбрана на титулата, а во првото коло од плеј-офот впиша висок триумф.

Ивана Дежиќ со 17 погодоци беше најпрецизната „лавица“ на теренот, додека кај Чаир најдобра беше Стефанија Ѓорѓиевска со девет гола.

Првото коло од плеј-офот го донесе и ремито меѓу Вардар и Куманово, меч кој заврши со 25:25 и поделба на бодовите.

Во неизвесен меч каде во вториот дел се играше најчесто гол за гол, на крајот исходот меч без победник.

Кај Вардар најдобра беше Дона Тодоровска со девет гола, а кај Куманово тоа беше Нена Нестороска со 11 гола.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Работнички и Вардар ЕМ за првиот „Чајка“ Супер куп трофеј

Актуелниот шампион Работнички Скопје и освојувачот на Купот на ОФМ за 2026 година, Вардар ЕМ, ќе ги одмерат силите во женскиот натпревар од...

Останато

Шампионот УГД Штип и Борец за првиот Супер куп трофеј

„Бранко Хаџииљоски – Чајка“ Супер купот денеска ќе обедини два значајни моменти за македонската одбојка – јубилејното 50. издание на меморијалниот турнир и...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

РакометРакометна репрезентација

Македонија со познати термини за битката за ЕП 2028!

Македонската ракометна репрезентација во ноември ќе го започне патот кон Европското првенство...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!