Кошарка

Михаил Стојанов е ново засилување за КК Кожув

Сподели
ФОТО: КК Кожув
Сподели

КК Кожув го претстави своето ново засилување за сезоната – 21-годишниот македонски бек Михаил Стојанов.

Стојанов е висок 185 сантиметри, а во изминатите сезони настапуваше за ТФТ Моцарт Скопје, каде што го стекна потребното искуство во македонската кошарка, но и на меѓународната сцена.

Младиот бек има настапи и во АБА 2 лигата, каде што се соочуваше со силна регионална конкуренција и дополнително го надгради своето искуство. Во сезоната 2025/26 забележа одличен индивидуален настап против Златибор, кога за 23 минути на паркетот постигна 13 поени, со максимален учинок од 3/3 за два и 2/2 за три поени.

Стојанов во Гевгелија пристигнува како млад, борбен и амбициозен кошаркар, со желба за понатамошен напредок и нови успеси во дресот на Кожув.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Работнички и Вардар ЕМ за првиот „Чајка“ Супер куп трофеј

Актуелниот шампион Работнички Скопје и освојувачот на Купот на ОФМ за 2026 година, Вардар ЕМ, ќе ги одмерат силите во женскиот натпревар од...

Останато

Шампионот УГД Штип и Борец за првиот Супер куп трофеј

„Бранко Хаџииљоски – Чајка“ Супер купот денеска ќе обедини два значајни моменти за македонската одбојка – јубилејното 50. издание на меморијалниот турнир и...

Поврзани написи
Кошарка

Тиквеш убедлив против дебитантот Штип, МЗТ Скопје пак го доби Куманово, победи за Работнички, Кожув и Пелистер

Пет натпревари, пет различни приказни, но заеднички епилог – МЗТ Скопје Аеродром,...

Кошарка

(ФОТО) Историски трофеј за Крива Паланка: Шампионките го освоија Суперкупот со 63:51 против Баскет Кам

Крива Паланка испиша нова страница во историјата на клубот, откако за првпат...

Кошарка

Крива Паланка и Баскет Кам 2011 за првиот трофеј во новата сезона: Суперкупот носи голема пресметка

Новата сезона во женската кошарка во Македонија започнува со директна пресметка за...

Кошарка

КФМ го одржа претсезонскиот семинар за судии, делегати и контролори

Во организација на Судиската комисија при Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!