Прва лигаФудбал

Силекс ја продолжи соработката со Усман Маронг до крајот на 2025 година!

Сподели
Сподели

Усман Маронг го обнови договоро со Силекс, тој останува во Кратово до крајот на 2025 година. 25-годишниот играч за врска во Кратово пристигна на почетокот од 2024 година и се покажа во одлично издание.

Тој за тимот од Кратово одигра 34 натпревари, на кој постигна два гола и впиша десет асистенции.

Силекс е есенски шампион во Првата македонска фудбалска лига, а тимот покрај тоа што сака излез во Европа, ја сака и титулата во домашниот шампионат.

Интернационалецот од Гамбија во Силекс дојде од Воска Спорт, а претходно во македонскиот шампиона настапуваше во Брера Струмица, во Србија има настапвано за тимот на Црвена Ѕвезда, Графичар, Трајал и Радник, во Израел беше дел од Хапоел Ранана, а во родната држава настапуваше за Суперстарс.

Во тековната сезона Маронг во дресот на прволигашот од Кратово одигра 18 натпревари, постигна два гола и запиша седум асистенции со тоа што на фудбалските терени помина 1.554 минути.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во Македонија освои бод откако во првото коло играше без голови во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија до 21 година поразена во Нови Сад од Србија

Младата репрезентација на Македонија до 21 година претрпе пораз од Србија, 2:0 во пријателскиот натпревар одигран во Нови Сад. Избраниците на Александар Таневски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Две кола до зимската пауза, пет екипи под притисок — кој може да се оддалечи од опасната зона?

Репрезентативната пауза ја затекнува борбата за опстанок во Втората лига со четири...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера преку Истатов во полуфиналето, Ана Димитровска со четири гола го потона Кочани, домашни победи за Пелистер и Љуботен

Без изненадувања во Купот на Македонија во женска конкуренција, фаворитите лесно обезбедија...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!