Трета лигаФудбал

ТРАНСФЕР БОМБА: Искусниот Иван Настевски е нов играч на третолигашот Слога Виница!

Сподели
Сподели

Вистинска трансфер „бомба“ се случи вечерва, откако амбициозниот тим на Слога Виница, кој е есенски шампион во Трета лига – Исток го претстави првото зимско засилување, станува збор за искусниот Иван Настевски, познат како Меси.

33-годишниот Настевски во Виница доаѓа од редовите на второлигашот Детонит Плачковица, а во својата кариера популарниот Меси има настапувано и за Охрид, Скопје, Гостивар, Брегалница, Кит Го Пехчево, Македонија ЃП, Еуромилк ГЛ, Тетекс, Вардар и Работнички, а има настапувано и во Србија за екипата на Нови Пазар и за грчкиот Олимпијакос Волос.

Во сезона 2008/2009 Настевски со екипата на Македонија ЃП стана шампион во Првата македонска фудбалска лига.

Со своето прволигашко искуство, како и меѓународно искуство дефинитивно Настевски го зголемува квалитетот во тимот предводен од Емил Грнев, со што Слога Виница освен што треба рутински да одигра во пролетниот дел и да ги добие сите натпревари убедливо во Трета лига – Исток, фокусот веќе го става на баражот кој треба да се добие за Слога Виница да се врати во Втора лига.

Како што дознава Спортска Мрежа во следните денови ќе има уште неколку трансфер „бомби“ во Виница, а тимот ќе биде конкурентен за поголем дел од второлигашите.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Штип УГД тргнува по нов трофеј: Суперкупот е првата станица кон одбрана на двојната круна

Нова сезона, нови предизвици и нова можност за трофеј за Штип УГД. Шампионот на Македонија утре во Тетово ќе го одигра Суперкупот, со...

ФудбалФутсал

Никола Анчевски се врати дома: Анче повторно во дресот на шампионот Проект

Шампионот Проект во еден ден претстави три нови засилувања, по промоциите на Андреј Коцевски и Кирил Неделков, тимот од Јосифово го претстави повратникот...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Никола Анчевски се врати дома: Анче повторно во дресот на шампионот Проект

Шампионот Проект во еден ден претстави три нови засилувања, по промоциите на...

ФудбалФутсал

Кирил Неделков е ново засилување на шампионот Проект

Македонскиот шампион Проект промовираше уште едно засилување, Кирил Неделков промовиран во тимот...

КупФудбал

КУП: Третолигашот Крошу Спорт против фаворитот Тиквеш во Неготино

Утре на Градскиот стадион во Неготино ќе се одигра уште еден меч...

ФудбалФутсал

Шампионот Проект се засили со младиот Андреј Коцевски

Македонскиот футсал шампион го претстави првото засилување за новата сезона, Андреј Коцевски...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!