Ракомет

Охрид беше пресилен за Струга во „езерското дерби“, Алкалоид и Вардар до нови победи!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Ракометарите на Охрид со превисоки 42:25 ја декласираа Струга во „езерското дерби“ со што охридските „гладијатори“ победнички го затворија есенскиот дел од Суперлигата.

Тимот на Стевче Алушовски немаше проблеми на овој меч и во текот на целиот меч играше квалитетно и стигна до нови два бодови на своето конто.

Нашиот тим е во спортската сала „Билјанини Извори“, а во следните моменти очекуваме изјави за овој меч од Охрид за што ќе информира Спортска Мрежа дополнително.

Наум Костови и Дејан Кукуловски беа најдобри кај Охрид со по шест гола, додека пак средниот бек Бобан Савеска со пет гола беше најдобар кај Струга.

Вардар лесно дојде до нова победа откако со 43:22 го декласираше Бутел, кој немаше сили да парира и доживеа тежок пораз од 21 гол разлика.

Владимир Дмитро Хориха со шест гола беше најдобар кај Вардар, а пак Тодор Узунчев кај Бутел имаше седум гола.

Освојувачот на Купот, тимот на Алкалоид вечерва во Автокоманда со превисоки 35:26 лесно се справи со Тиквеш и го декласираше гостинот од Кавадарци за нова победа, со што четата на Кирил Лазаров е на врвот на табелата, а тоа значи дека Алкалоид е есенски шампион.

Петковски беше најдобар кај Алкалоид со девет гола, а Серафимов имаше осум, додека пак кај Тиквеш најдобар беше Кривокапиќ со шест гола.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Младост утре гостува во „Билјанини Извори“ кај Охрид

Ракометарите на Младост утре гостуваат кај фаворитот Охрид во рамките на 10. коло на Суперлигата, меч кој се игра во салата „Билјанини Извори“...

Кошарка

Ираклис пресилен за МЗТ Скопје – македонскиот шампион го запиша шестиот пораз во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува без победа во ФИБА Еврокупот, откако на гостувањето во Солун претрпе убедлив пораз од грчки Ираклис...

Поврзани написи
Ракомет

Младост утре гостува во „Билјанини Извори“ кај Охрид

Ракометарите на Младост утре гостуваат кај фаворитот Охрид во рамките на 10....

Ракомет

Дресот на Дибиров доби место во историјата на Скопје – Вардар со посебен подарок за Музејот!

Во пресрет на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер пред европскиот испит на сезоната: Битола се мобилизира за Гумерсбах!

Европската сезона на Еурофарм Пелистер влегува во решавачка фаза, а битолчани на...

Ракомет

Горан Кузманоски ја запиша првата победа на Кипар, Строволу броеше до 43!

Македонскиот стратег Горан Кузманоски стигна до првата победа во кипарскиот шампионат со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!