Втора лигаФудбал

(ФОТО) Беласица одбележува 104 години постоење: Фудбалската гордост на Струмица слави голем јубилеј

Сподели
Сподели

Фудбалскиот клуб Беласица денес одбележува 104 години од своето основање, продолжувајќи ја долгата и богата традиција како еден од најпрепознатливите фудбалски клубови од Струмица.

Беласица е основана на 13 август 1922 година, а повеќе од еден век подоцна клубот и понатаму останува важен дел од спортската историја на Струмица и македонскиот фудбал.

Свеченото одбележување на 104-годишнината е предвидено за 30 август (недела). Во рамките на прославата ќе биде промовиран и веб-сајт посветен на историјата на ФК Беласица, со што клубот дополнително ќе ја зачува и афирмира својата богата историја.

На свеченоста ќе им биде оддадена почит и на две големи имиња од историјата на клубот. Ќе бидат доделени врамени дресови на легендарниот голман Дончо Георгиев и најдобриот стрелец во историјата на Беласица, Љупчо Мафков.

Георгиев и Мафков се наоѓаат на шестото и седмото место на вечната листа според бројот на одиграни првенствени натпревари за клубот, а нивниот придонес останува длабоко запишан во историјата на струмичкиот фудбал.

Прославата на јубилејот ќе биде збогатена и со фудбалски натпревар. На 30 август Беласица ќе го одигра натпреварот од третото коло на Втората лига против Детонит Плачковица од Радовиш, па јубилејот ќе биде одбележан и со нов првенствен предизвик.

  • Богата историја и значајни успеси

Беласица низ своето 104-годишно постоење има остварено бројни значајни резултати. Клубот пет сезони беше југословенски второлигаш, во сезоните 1983/84, 1984/85, 1985/86, 1986/87 и 1988/89.

Струмичани имаат настапи и во југословенската трета лига и четвртата зона, а во сезоните 1983/84 и 1985/86 двапати стигнале до 1/16-финалето на Југословенскиот куп.



На домашната сцена, Беласица двапати ја освоила титулата шампион на Македонија, во сезоните 1982/83 и 1987/88.

Клубот трипати бил вицешампион на Македонија – во сезоните 1963/64, 2001/02 и 2002/03, додека двапати стигнувал до полуфиналето на Македонскиот куп, во 2002/03 и 2018/19.

Особено значајна е и работата со младинските категории. Беласица има освоено три младински купови на Македонија, во сезоните 1992/93, 2001/02 и 2005/06, а во својата историја има освојувано и првенства во младинска, кадетска и пионерска конкуренција.

104 години традиција, успеси, легенди и генерации фудбалери – Беласица продолжува да ја пишува својата историја како фудбалска гордост на Струмица.



Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Штип носи прва шанса за поправен: Македонија против Естонија во трката за следната рунда

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија в сабота, на 14 ноември од 18 часот, ќе ја пречека Естонија во спортскиот центар „Џексон“ во Штип....

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!