Останато

Одбојкарките на Работнички го добија дербито со Јанта Волеј, доминација на Наковски и Младост УГД

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Во рамки на 13. коло се одигра и дербито во Првата одбојкарска женска лига, откако тимот на Работничи со 3:1 во сетиво го совлада лидерот Јанта Волеј КВ.

Во првиот сет домашниот тим беше подобар со 25:12, а во вториот сет лидерот врати со 16:25 и израмни на 1:1 во сетови. Во третиот сет Работнички одново беше подобар со 25:15 за 2:1 во сетови и 25:16 во четвртиот сет за конечни 3:1.

Струмица Жени загуби од Наковски Волеј со 0:3 во сетови (17:25, 20:25 и 15:25).

Вардар ЕМ со 0:3 во сетови славеше над Фит Фан Волеј, иако гостинот ги доби трите сетови, сепак до триумфот дојде низ тежок меч, бидејќи домаќинот пружи силен отпор во сите три сетови (22:25, 20:25 и 23:25).

Младост УГД во Штип со 3:0 во сетиво ја декласираше кичевска Ускана низ тотална доминација во секој сет, па победата на штипските одбојкарки всушност беше и најголема во оваа коло.

Првиот сет заврши со 25:5, вториот со 25:9, а третиот сет Младост УГД го доби со 25:10.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ПРВАТА ОДБОЈКАРСКА ЖЕНСКА ЛИГА:
Позиција Клуб Вкупно Поб. Пор. Бодови Доб. Изг.
1 Јанта волеј – КВ 13 12 1 35 37 10
2 Работнички Скопје 13 12 1 34 38 9
3 Наковски волеј 13 9 4 29 32 13
4 Фит фан волеј 13 7 6 20 22 23
5 Младост УГД 13 5 8 16 21 24
6 Вардар ЕМ 13 5 8 14 18 26
7 Струмица жени 13 2 11 6 6 33
8 Ускана 13 0 13 2 4 39
Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

ФК Кул со четири генерации доаѓа на Ohrid Winter Cup и носи силна конкуренција

Фудбалскиот клуб Кул од Скопје го потврди учеството на Ohrid Winter Cup, доаѓа со дури четири генерации и носи голема конкуренција. Клубот кој...

Кошарка

Баскет Дино со три од три на врвот во Аматерската лига – следува дерби со непоразената Шар Планина!

Кошаркарите на Баскет Дино од Кочани продолжуваат со одличните настапи во Аматерската лига, откако во третото коло забележаа нова убедлива победа и го...

Поврзани написи
Останато

Безбедноста пред сè: ФПСМ со едукативни предавања за планинарење во зимски услови низ Македонија

Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ), преку својот Центар за стручно...

Останато

Одржано Националното првенство во крос-кантри 2026 во Скопје

Изминатиот викенд, на кејот на реката Вардар во Скопје, се одржа Националното...

Останато

Македонија домаќин на два квалификациски турнири за ЕП 2027 во одбојка

Одбојкарската федерација на Македонија ќе биде домаќин на два квалификациски турнири за...

Останато

Наковски Волеј со кам-бек го задржа статусот на непоразен тим во Првата лига жени

Екипата на Наковски Волеј останува единствената непоразена по четири кола во новата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!