Прва лигаФудбал

Брегалница ја продолжи соработката со младите Лука Бојаџиев и Даријан Тасев

Сподели
Сподели

Прволигашот Брегалница во пресврт на првото коло од ПМФЛ ја продолжи соработката со двајца млади играчи – Лука Бојаџиев и Даријан Тасев остануваат во „синиот“ дрес и во следната сезона.

Брегалница продолжува да се екипира и да биде комплетна за првиот предизвик веќе в сабота против шампионот Вардар во Скопје.

„Со особено задоволство го потврдуваме продолжувањето на соработката со нашите млади надежи, кои со својот талент, посветеност и потенцијал претставуваат важен дел од иднината на клубот. Веруваме дека пред нив се големи предизвици, но и уште поголеми можности за напредок и докажување. Со правилна работа, труд и посветеност, тие треба да израснат во вистински столбови на клубот во годините што следуваат. Горди сме што нашата иднина ја градиме со сопствени сили и со млади играчи кои се производ на нашиот младински погон“, велат од клубот.

Минатата сезона Брегалница заврши на првото место во Втора лига и како шампион се врати во прволигашкото друштво.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Талевска обезбеди бод за Пелистер во мечот со Скопје, Димитровска со два гола за победа на Саса, Вардар ја „здроби“ Речица

Пелистер „откина“ бодови во дуелот во Пржино со шампионот Скопје, откако двете екипи одиграа 1:1 во меч од 8. коло на Првата женска...

Трета лигаФудбал

Љуботен претрпе пораз, Дрита и Лирија ремизираа, немаше победник ниту на мечот меѓу Јехона и Цетинска

Четвртото коло донесе многу погодоци во Трета лига регион 6, само на еден натпревар беше доволен еден гол да го реши победникот. Кораб...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Превалец убедлив против Млекар, Вардар Неготино и Борец ремизираа на „Цвај арената“, нема победник во Крушево

Борец со нов „кикс“ откако ремизираше против ланскиот второлигаш Вардар Неготино на...

Трета лигаФудбал

Куманово со убедлива победа над Академија Осогово, Пчиња славеше победа со шест гола

Убедлива победа забележа Куманово совладувајќи го тимот на Академија Осогово од Крива...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!