Младински фудбалФудбал

Фудбалската академија Мојсов врши уписи: Европски пристап и работа со докажани тренери

Сподели
Сподели



Фудбалската академија Мојсов од Кавадарци официјално ги отвори уписите за новата сезона и ги повикува сите деца на возраст од 5 до 14 години да станат дел од современа фудбалска средина, каде покрај спортскиот развој, големо внимание ќе се посветува и на градењето на карактерот.

Академијата ќе работи под водство на Ѓорѓи Мојсов, поранешен фудбалер и докажан тренер со УЕФА Про лиценца, како и Даниел Мојсов, поранешен професионален фудбалер со богато меѓународно и репрезентативно искуство, кој поседува УЕФА Б лиценца.

Во академијата потенцираат дека нивната мисија не е само создавање фудбалери, туку и воспитување на млади личности со вистински спортски вредности. Нивната филозофија е заснована на трите принципи: Develop – Развој, Believe – Верувај и Achieve – Постигни, со индивидуален пристап кон секое дете и постепен развој преку квалитетна и посветена работа.

Секој член на академијата ќе има можност да тренира по современи европски стандарди, со посебен акцент на усовршување на техниката, координацијата, брзината и фудбалската интелигенција. Истовремено ќе се работи на развојот на дисциплината, самодовербата, победничкиот менталитет и правилното донесување одлуки, во безбедна, позитивна и мотивирачка средина.

Дополнително, академијата ќе се натпреварува во сите детски лиги, овозможувајќи им на младите фудбалери континуиран натпреварувачки развој и стекнување драгоцено искуство.



Тренинзите ќе се реализираат на сопствен вештачки терен, а од академијата испраќаат јасна порака дека големите фудбалери не се создаваат преку ноќ, туку со секојдневна работа, труд и посветеност.

Заинтересираните родители можат да ги запишат своите деца на телефонските броеви 078 237 845 и 077 849 458.

Со мотото „Train Smart. Play Hard. Dream Big.“, Фудбалската академија Мојсов најавува професионална работа и создавање на нови генерации фудбалери, но и личности со вистински животни вредности.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Тиквеш убедлив против дебитантот Штип, МЗТ Скопје пак го доби Куманово, победи за Работнички, Кожув и Пелистер

Пет натпревари, пет различни приказни, но заеднички епилог – МЗТ Скопје Аеродром, Пелистер, Кожув, Работнички и Тиквеш Голден Игл со победи ја отворија...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Талевска обезбеди бод за Пелистер во мечот со Скопје, Димитровска со два гола за победа на Саса, Вардар ја „здроби“ Речица

Пелистер „откина“ бодови во дуелот во Пржино со шампионот Скопје, откако двете екипи одиграа 1:1 во меч од 8. коло на Првата женска...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Превалец убедлив против Млекар, Вардар Неготино и Борец ремизираа на „Цвај арената“, нема победник во Крушево

Борец со нов „кикс“ откако ремизираше против ланскиот второлигаш Вардар Неготино на...

Трета лигаФудбал

Куманово со убедлива победа над Академија Осогово, Пчиња славеше победа со шест гола

Убедлива победа забележа Куманово совладувајќи го тимот на Академија Осогово од Крива...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!