ФудбалФутсал

Клими покажа моќ во градското дерби против Црна Река – Мартин Никовиќ со хет-трик!

Сподели
АРХИВА
Сподели

Вечерва се комплетираше 9. коло од Првата футсал лига на Македонија со градското дерби во Кавадарци каде Клими со 7:2 во СЦ „Јасмин“ славеше голема победа над Црна Река.

Мартин Никовиќ постигна хет-трик за домашниот тим, Жарко Спасовски беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Петар Левков и Димитар Чоков, додека пак за Црна Река стрелец на првиот гол со кој беше отворен резултатот беше Александар Коцев, кој стрелаше во 3. минута, а во финишот на мечот Петар Ристовски ги постави конечните 7:2, откако на полувреме беше 4:1.

Со овој меч се комплетира деветтото коло, а за останатите натпревари извештаите се објави на Спортска Мрежа.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ПРВАТА ФУТСАЛ ЛИГА:
Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 КМФ ФОРЦА 2015 9 9 0 0 68 25 +43 27
2 КМФ ШКУПИ 1927 ДОО 9 7 0 2 43 16 +27 21
3 КМФ ПРОЕКТ 9 6 1 2 35 17 +18 19
4 КМФ ОСОГОВО 2022 Крива Паланка 9 5 1 3 43 38 +5 16
5 КМФ КЛИМИ Кавадарци 9 3 2 4 42 36 +6 11
6 КМФ ЖЕЛЕЗАРЕЦ 9 3 0 6 21 41 -20 9
7 КМФ КЕГИ-МОБИ Велес 9 2 2 5 27 58 -31 8
8 КМФ ЈУВЕНТУС СЕРАВА(-3) 9 3 1 5 32 44 -12 7
9 ФК ЦРНА РЕКА/КМФ 9 1 2 6 29 46 -17 5
10 КМФ БУТЕЛ 2022 9 0 3 6 23 42 -19 3
Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!