Останато

Девран Куртис и Јован Кутаноски со медали на Државното првенство во пливање – регионален успех за Охрид и Струга

Сподели
Сподели

На Летното државно првенство во пливање (50 метри) што се одржа во Скопје, македонското пливање доби двајца регионални медалисти кои уште еднаш го потврдија својот квалитет.

Девран Куртис од Охрид се закити со бронзен медал во категоријата постари пионери и остана единствениот медалист од охридскиот регион во оваа конкуренција.

Ова беше нејзин трет настап на Националното првенство, а во сите три учества успеа да се искачи на победничкиот пиедестал, што го потврдува нејзиниот континуитет и стабилност на државно ниво.

Од друга страна, Јован Кутаноски од Струга беше единствениот медалист од струшкиот регион во категоријата помлади пионери, со што двата млади пливачи се издвојуваат како единствени носители на медали надвор од Скопје.

И двајцата се дел од истиот клуб и работат под водство на истиот тренер односно Никола Кутаноски, што дополнително го нагласува квалитетот на нивната работа и систематскиот развој на младите пливачи.

Со овие резултати, Охрид и Струга добиваат силна потврда дека во регионот расте нова генерација на перспективни пливачи кои успешно се носат со најсилната домашна конкуренција.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Радовиш има нови шампиони! Team Carvalho освои десет златни и еден сребрен медал на Државното првенство!

Одличен настап, бројни медали и уште една потврда за квалитетната работа со...

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата...

Останато

Ждрепка в недела, први борби в понеделник на Европското првенство во кик-бокс во Скопје

Европското првенство во кик-бокс во Скопје денеска почнува со пристигнување на делегациите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!